Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 16

16
Моавците бегаат во Јудеја
1 # Ер 49,16 Испраќајте јагниња за владетелот на земјата, испраќајте од Сала во пустината кон планината на ќерката Сионова; 2#Ис.Н. 12,2; Ер 4,25зашто ќерките на Моав при Арнон­ските бродови ќе бидат слични на птица скитница, исфрлена од гнездото. 3#Пс 147,2„Дај совет, донеси решение; засен­чи нѐ со сенката своја среде пладне како ноќе, прикриј ги истераните, не предавај ги скитниците. 4Нека поживеат кај тебе моите исте­рани Моавци; биди им закрила од гра­бачи: зашто угнетувачот нема да го пуштам; грабежот ќе престане, угнетувачите ќе исчезнат од земјата. 5#2 Сам 7,13; Ер 23,5; Пс 9,7.8; 89,15; Изреки 25,5И престолот ќе се утврди со милост, и на него ќе седне со верност, во Давидовиот шатор, судија, кој бара правда и се стреми кон правосудие.“
Горделивоста на Моав е скршена
6 # Ер 48,29; Ез 25,8; Соф 2,8 „Сме слушале за гордоста на Моав, прекумерна гордост, за неговата надуе­ност и високомерност и за неговото бес­неење: празна е фалбата негова.“ 7#15,3; Ер 48,20Затоа Моав ќе заплаче; сите ќе плачат за Моав, по колачињата од суво грозје од Кир-Харешет, ќе пла­чат до­толчени. 8#Ер 48,32Зашто, Есевонските полиња се ису­шија, како и лозјата во Сивма; големците на народите ги истребија најдоб­рите лозја, кои достигнаа до Јазер, се простираа по пустината; ластарите се ширеа, преминуваа од онаа страна на морето. 9#Ер 25,30; 51,14Поради тоа јас ќе плачам за лозјата сивмански со плачот на Јазер, ќе ги об­левам со солзите свои, Есевоне, и Елале; зашто по твојот гроздобер и по твојата жетва нема повеќе шумна радост. 10#Ер 48,33Исчезнаа од плодоносната земја радоста и веселбата, по лозјата не пеат ниту се радуваат; лозарот не гмечи гроз­је во садови: Јас ги прекратив веселбите. 11#15,5; Ер 48,31.36; Плач 1,20; 2,11Затоа мојата внатрешност стенка по Моав како харфа, а срцето мое за Кир-Херес. 12#Ер 48,13Но и да се јави Моав и до умор да оди по идолските светилишта, и да дојде при светилиштето свое, да се моли, пак ништо нема да му помогне. 13Тоа е словото, што Господ одамна го беше искажал за Моав. 14#21,16; Ер 48,2А сега вака вели Господ: „По три години, сметајќи наемнички години, ве­личието на Моав ќе биде понизено со сето големо множество негово, а остатокот ќе биде многу мал и незначаен.“

Селектирано:

Исаија 16: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се