Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 15

15
Пророкување за пропаста на Моав
1 # 4 Мојс 21,28; Ер 48,45; Ез 25,8-11; Амос 2,1-3 Пророштво за Моав. Така! Ноќе ќе биде разорен Ар-Мо­ав и уништен; така! Ноќе ќе биде разорен Кир-Моав и уништен! 2#Ер 48,37; Ез 7,18; Амос 8,10Тој се искачува во храмот дивонски за да плаче на височина; Моав липа над Нево и Медева; сите тие се со истри­жени глави, сите со избри­чени бради. 3#22,12; Ер 48,38; Ез 27,31; Јона 3,6-8По улиците негови се препа­шуваат со вреќишта; по покривите негови и плоштадите сите плачат, во солзи тонат. 4#16,7; 4 Мојс 21,23; Ис.Н. 9,10; 13,17.18.21; Ер 48,34Пишти Есевон и Елале; гласот нив­ни се слуша дури до Јахца; по нив и војниците на Моав плачат, душата му се бранува во него.
Плач по Моав
5 # 16,11; 1 Мојс 19,22; Ер 48,5.34-36 Плаче моето срце за Моав; бегаат од него кон Сигор, до Еглат-Ше­лишија; се искачуваат со плачење на Лухит; по хоронаимскиот пат креваат страшен вик; 6зашто водите на Нимрим пресекнаа, ливадите се исушија, тревата изгоре, зеленило не остана; 7#44,4; Јов 40,22затоа тие ги пренесуваат од онаа страна на Арабиската река остато­ците од имотот и она, што го собрале. 8#4 Мојс 21,16Зашто писокот се разнесува по сите предели на Моав, плачот негов стигнува дури до Еглаим, плачот негов стигнува до Беер-Елим; 9#2 Цар 17,25бидејќи водите на Дивон се наполнија со крв, и Јас ќе испратам врз Дивон уште нешто – лавови врз избеганите од Моав и против преживеаните во земјата.

Селектирано:

Исаија 15: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се