Осија 4
4
Неверството на Израел
1 #
2,4; Ис 3,13-15; Ер 5,4; 22,16; Мих 6,1-5 Чујте го словото Господово, синови Израелови; зашто Господ ќе им суди на жителите од оваа земја, зашто нема ни вистина, ни милосрдие, ниту знаење за Бога на земјата. 2#2 Мојс 20,13-17; 3 Мојс 19,11; Ер 7,9Клетва и измама, убиство, кражби и прељубодејства многу се распространија, и една крв по друга крв се лее. 3#Ер 4,28; 12,4; Јоил; 1,16-20; Амос 1,2; 4,7; 7,4; Соф 1,3; Агеј; 1,10-11Затоа таа земја ќе тагува, и ќе гинат сите што живеат на неа, заедно со полските животни и птиците небески; дури и рибите во морето ќе загинат.
Опомена за свештениците
4 #
6,9; Ер 2,8; Мал 1,6 Но никој да не се суди и никој никого да не обвинува; но со тебе свештенику, морам да се судам! 5Ти ќе се препнуваш дење, и со тебе пророкот се препнува ноќе, а Јас ќе ја погубам твојата мајка. 6#Ер 5,4; Мал 2,1-9Мојот народ гине што нема разум, зашто ти си го отфрлил разумот, и Јас ќе те отфрлам од Моето свештенство; бидејќи го заборави законот на својот Бог, и Јас ќе ги заборавам децата твои. 7#Ер 2,11; Пс 106,20; Рим 1,23И колку повеќе се размножуваа, толку повеќе и грешеа против Мене; затоа славата нивна ќе ја претворам во срам. 8Тие се хранат со гревовите на Мојот народ, и кон беззаконијата негови се стреми душата нивна. 9И што ќе стане со народот, тоа ќе се случи и со свештеникот; ќе го казнам според патиштата негови и ќе му платам според делата негови. 10#9,1; Мих 6,14Ќе јадат – и нема да се наситуваат; ќе блудствуваат и нема да се размножуваат, зашто престанаа да Му служат на Господ. 11#Ис 28,7; Изреки 31,3-5Блудството, виното и пијалаците ги овладеале срцата нивни.
Опомени за Израел и Јудеја
12 #
1,2; 2,6; Ер 2,27 Мојот народ се обраќа до парче дрво, и неговиот жезол му дава одговор; зашто духот на блудството ги вовел во заблуда, па блудствувајќи, тие отстапија од својот Бог. 13#5 Мојс 12,2; 1 Цар 14,23; 2 Цар 17,10; Ер 2,20; Ез 6,13Принесуваат жртви по планинските врвови и по ридовите, кадат под даб, топола и брест, зашто тие имаат добри сенки; затоа ќерките ваши блудствуваат, а снаите ваши прељубодејствуваат. 14#13,1; 4 Мојс 25,1; 5 Мојс 23,19; Јов 36,14; 1 Кор 10,8Нема да ги казнувам ќерките ваши кога блудствуваат, и снаите ваши кога прељубодејствуваат, зашто вие самите сте блудници и со љубовници принесувате жртви, а простиот народ гине. 15#5,8; Ис.Н. 4,19-20; 7,2; 1 Сам 26,10.16; Ер 38,16; Амос 4,4; 5,5Ако ти, Израеле, блудствуваш, Јуда барем да не греши; и не одете во Гилгал, не влегувајте во Бет – Авен и не колнете се со клетвата: жив е Господ! 16#Ер 31,18Израел е тврдоглав како упорна јуница; па како да ги пасе Господ како јагниња на широка ливада? 17#14,9Ефрем се поврзал со идолите; остави го! 18#4,7; Амос 2,8; 6,4-6После пијанството нивно му се предаваат на блудството; повеќе го сакаат срамот отколку честа. 19#13,15; Ер 4,11-13; Амос 1,14Ветрот ќе ги притегне со крилјата свои, и тие ќе се засрамат од своите пагански жртви.
Селектирано:
Осија 4: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006