Осија 3
3
Божјата љубов нуди надеж
1 #
2,4; 2 Мојс 20,3; 5 Мојс 5,7; 6,4; Ер 7,18 Потоа Господ ми рече: „Оди и повторно засакај ја жената, која ги сака злото и прељубата, како што Господ ги сака синовите Израелови, а тие гледаат по туѓи богови и ги сакаат нивните пити од грозје.“ 2Ја откупив за петнаесет сребреници и за гомер и полугомер јачмен; 3па ѝ реков: „Ќе останеш кај мене подолго време; не блудствувај и не оди со други; а и јас нема да ти приоѓам.“ 4#2 Мојс 23,24; 28,6; 1 Сам 15,22-23Зашто синовите Израелови ќе останат долго време без цар, без кнез и без жртви, без жртвеник, без ефод и без јавување. 5#2,9; 6,1; 14,2; Ер 30,9; Ез 34,23; 37,24-25Потоа синовите Израелови ќе се повратат и ќе Го побараат Господа, својот Бог, и Давид, својот цар, ќе се чудат пред Господ на Неговата благост во последните дни.
Селектирано:
Осија 3: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006