Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 4

4
Неверството на Израел
1 # 2,4; Ис 3,13-15; Ер 5,4; 22,16; Мих 6,1-5 Чујте го словото Господово, синови Израелови; зашто Господ ќе им су­ди на жителите од оваа земја, зашто нема ни вистина, ни милосрдие, ниту знаење за Бога на земјата. 2#2 Мојс 20,13-17; 3 Мојс 19,11; Ер 7,9Клетва и измама, убиство, кражби и прељубодејства многу се распространија, и една крв по друга крв се лее. 3#Ер 4,28; 12,4; Јоил; 1,16-20; Амос 1,2; 4,7; 7,4; Соф 1,3; Агеј; 1,10-11Затоа таа земја ќе тагува, и ќе гинат сите што живеат на неа, заедно со полските животни и птиците небески; дури и рибите во морето ќе загинат.
Опомена за свештениците
4 # 6,9; Ер 2,8; Мал 1,6 Но никој да не се суди и никој никого да не обвинува; но со тебе свеште­нику, морам да се судам! 5Ти ќе се препнуваш дење, и со тебе пророкот се препнува ноќе, а Јас ќе ја погубам твојата мајка. 6#Ер 5,4; Мал 2,1-9Мојот народ гине што нема разум, зашто ти си го отфрлил разумот, и Јас ќе те отфрлам од Моето свештенство; бидејќи го заборави законот на својот Бог, и Јас ќе ги заборавам децата твои. 7#Ер 2,11; Пс 106,20; Рим 1,23И колку повеќе се размножуваа, толку повеќе и грешеа против Мене; затоа славата нивна ќе ја претворам во срам. 8Тие се хранат со гревовите на Мојот народ, и кон беззаконијата негови се стреми душата нивна. 9И што ќе стане со народот, тоа ќе се случи и со свештеникот; ќе го казнам според патиштата негови и ќе му платам според делата негови. 10#9,1; Мих 6,14Ќе јадат – и нема да се наситуваат; ќе блудствуваат и нема да се раз­множуваат, зашто престанаа да Му слу­жат на Господ. 11#Ис 28,7; Изреки 31,3-5Блудството, виното и пијалаците ги овладеале срцата нивни.
Опомени за Израел и Јудеја
12 # 1,2; 2,6; Ер 2,27 Мојот народ се обраќа до парче др­во, и неговиот жезол му дава одговор; зашто духот на блудството ги вовел во заблуда, па блудствувајќи, тие отстапија од својот Бог. 13#5 Мојс 12,2; 1 Цар 14,23; 2 Цар 17,10; Ер 2,20; Ез 6,13Принесуваат жртви по планинските врвови и по ридовите, кадат под даб, то­пола и брест, зашто тие имаат добри сенки; затоа ќерките ваши блудствуваат, а снаите ваши прељубодејствуваат. 14#13,1; 4 Мојс 25,1; 5 Мојс 23,19; Јов 36,14; 1 Кор 10,8Нема да ги казнувам ќерките ваши кога блудствуваат, и снаите ваши кога прељубодејствуваат, зашто вие самите сте блудници и со љубовници принесувате жртви, а простиот народ гине. 15#5,8; Ис.Н. 4,19-20; 7,2; 1 Сам 26,10.16; Ер 38,16; Амос 4,4; 5,5Ако ти, Израеле, блудствуваш, Јуда барем да не греши; и не одете во Гилгал, не влегувајте во Бет – Авен и не колнете се со клетвата: жив е Господ! 16#Ер 31,18Израел е тврдоглав како упорна ју­ница; па како да ги пасе Господ како јагниња на широка ливада? 17#14,9Ефрем се поврзал со идолите; остави го! 18#4,7; Амос 2,8; 6,4-6После пијанството нивно му се предаваат на блудството; повеќе го сакаат срамот отколку честа. 19#13,15; Ер 4,11-13; Амос 1,14Ветрот ќе ги притегне со крилјата свои, и тие ќе се засрамат од своите пагански жртви.

Селектирано:

Осија 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност