Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 2

2
Надеж за Израел
1 # 1 Мојс 22,17; 32,13; 1 Цар 4,20; 5,9; Ис 10,22; Јн 1,12; Рим 9,26.27 „Но бројот на синовите Израелови ќе биде како песокот морски, кој не ќе може ни да се измери ниту да се изброи; и место да им речат – вие не сте Мој народ – ќе им се рече – вие сте сино­ви на живиот Бог. 2#1,5; Ис 11,13; Ер 3,18; Ез 37,15-22И ќе се соберат синовите Јудини и синовите Израелови заедно и ќе си пос­тават еден старешина и ќе излезат од земјата, зашто голем е денот на Јиз­реел. 3#2,24-25Речете им на браќата свои: ‚Ами‘ и на сестрите свои ‚Рухама‘.
Најава за казна на Израел
4 # 2,15; 4,1; 1 Мојс 38,15 Судете се со својата мајка, распра­вајте се; зашто таа не е Моја жена, и Јас не сум ѝ маж нејзин; нека го отфрли блудството од лицето свое и прељубо­дејството од градите свои, за да не ја сотрам, 5#Ер 6,8; 9,11; 13,22; Ез 16,4-5; 16,39; Откр 17,16за да не ја соблечам гола и да не ја покажам како во денот на нејзиното раѓање, и да не ја направам пустелија, за да не ја претворам во сува земја и да не ја усмртам со жед. 6#1,2И децата нејзини нема да ги помилувам, зашто тие се деца од блудство. 7#5 Мојс 4,3; Ер 2,25; 3,13; 44,17; Амос 2,4Бидејќи мајката нивна блудствуваше, се осрамоти онаа, која ги зачна, зашто си велеше – ќе тргнам по љубов­ниците свои, кои ми даваат леб и вода, волна и лен, масло и пијалак. 8#Ер 2,23Ете, затоа Јас ќе ѝ го препречам патот нејзин со трње и ќе ја заградам со ограда, и таа не ќе може да ги најде па­теките свои; 9#5,15; 6,1-3; Ер 3,22; Лк; 15,17-18ќе се впушти по љубовниците, но нема да ги стигне; ќе ги бара, и нема да ги најде; и ќе си рече: ќе се вратам и ќе појдам кај првиот маж; зашто тогаш ми беше подобро, отколку сега. 10#5 Мојс 7,13; 8,11-18; Агеј 2,8; Пс 104,15А таа не знаеше дека Јас ѝ давав жито, вино и масло и ѝ го намножував среброто нејзино и златото, од кое му направија идол на Ваал. 11Затоа ќе си го земам житото Свое, и виното Свое, кога за тоа ќе му дојде времето и ќе ја одземам волната Своја и ленот Свој, со што се покрива голотијата нејзина. 12#5,14; 5 Мојс 32,39; Ез 16,37; Пс 50,22; Јн 10,29; Откр 17,16И сега ќе ја откријам срамотијата нејзина пред очите на нејзините миле­ници, и никој не ќе ја избави од раката Моја. 13#Ис 1,13-14; Ер 7,34; Амос; 5,21-23; 8,5И ќе укинам кај неа секаква веселба, празниците и новомесечијата нејзини, и саботите и сите нејзини прослави. 14#Ис 5,5-6; Пс 80,12-13И ќе ги запустам лозјата нејзини и смоквите, за кои таа беше рекла: ‚тоа ми се подароци, со кои ме даруваа љу­бовниците мои;‘ и Јас ќе ги опустошам, и полските животни ќе ги изедат. 15#Ер 2,32И ќе ја казнам за деновите поминати во служење на Вааловците, кога им кадела и ги китела со обетки и грив­ни, одела по љубовниците свои, а Мене Ме заборавила, вели Господ.
Господ ќе му помогне на Израел
16 # 13,5; Ер 20,7; Рута 2,13 Поради тоа Јас ќе ја привлечам и ќе ја одведам во пустина, па ќе му зборувам на нејзиното срце. 17#11,1-3; 2 Мојс 13,17; Ис.Н. 7,24-26; Ис 65,10; Ер 2,2; Амос 5,25И ќе ѝ ја вратам лозата нејзина и долината Ахор како трем на надеж; и таму таа ќе пее како во деновите на својата младост и како во денот кога излезе од египетската земја. 18#Амос 2,16И во тој ден, вели Господ, ти ќе Ми велиш – мажу Мој, и нема повеќе да Ми велиш – Ваалу Мој. 19И ќе ги отстранам од устата нејзина имињата на Вааловците, и нема по­веќе да се спомнува името нивно. 20#1,7; 1 Мојс 9,8; Ис 2,4; Ез 34,25; Зах 9,10; Јов 5,23; Мк 1,13И во тоа време поради нив ќе склу­чам сојуз со животните полски, со пти­ците небески и со лазачите по земјата; а лак, и меч, и војна ќе истребам од таа земја, и ќе им дозволам да живеат во мир и сигурност. 21#Ис 54,5-10; Ер 31,31-33И ќе те свршам за Себе вечно, и ќе те свршам за Себе во правда и спра­ведливост, во благослов и милосрдност. 22#4,1; 5,4; Изреки 2,5И ќе те свршам за Себе во верност и ти ќе Го познаеш Господа. 23#2,17И во тој ден Јас ќе се одзовам, вели Господ, Јас, ќе му се одзовам на Небото, а тоа ќе ѝ се одзове на Земјата, 24#1,4-9; 2,7.10и Земјата ќе му се одзове на житото и виното и маслото; а тие ќе му се одзоват на Јизреел. 25#Ер 7,23; Рим 9,25; 1 Птр 2,10И ќе ја посеам за Себе на земјата, и ќе ја засакам Ло-Рухама и ќе му речам на Ло-Ами: ‚Ти си Мој народ‘, а тој ќе рече: ‚Ти си мој Бог!‘“

Селектирано:

Осија 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност