И ќе ги отстранам од устата нејзина имињата на Вааловците, и нема повеќе да се спомнува името нивно. И во тоа време поради нив ќе склучам сојуз со животните полски, со птиците небески и со лазачите по земјата; а лак, и меч, и војна ќе истребам од таа земја, и ќе им дозволам да живеат во мир и сигурност.