Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 12

12
Споредба меѓу Израел и Јудеја
1 # 4,2; 7,1 Ефрем Ме опкружил со лаги, а домот Израелов – со измами; но Јуда сѐ уште се држи за Бога, и верен Му е на Светецот. 2#5,13; 13,15; Ис 30,1; 31,1; 57,9; Плач 5,6Ефрем пасе ветар и трча кон ис­точниот ветар, по цел ден си ги намно­жува лагите и насилствата, склучува сојуз со Ашур, а во Египет праќа масло.
Суд и над Израел и над Јудеја
3 # 4,1 Но и со Јуда Господ ќе има суд – Тој ќе го казни и Јаков за постапките него­ви, и Ќе му плати според делата негови. 4#1 Мојс 25,26; Ис 43,27Уште во утробата мајчина тој го по­тиснуваше брата си, а кога порасна, тој се бореше и со Бога. 5#1 Мојс 28,10-22; 32,24-28; 35,15Тој се бореше против ангел – и го победи; заплака и Го замоли; во Ветил Тој нѐ најде и таму зборуваше со нас. 6#Амос 4,13А Господ е Бог над силите; Јахве е името Негово. 7#11,5Врати се и ти кон својот Бог; биди милостив и справедлив, и секогаш надевај се на твојот Бог. 8#5 Мојс 25,13; Зах 14,21Хананецот има неверни мерила во раката своја и сака да онеправдува. 9#Лк 12,16-21; Откр 3,17-18И Ефрем вели: „Сепак се збогатив, насобрав многу имот, макар што во сите мои работи не можат да најдат ништо незаконско, што би било грев.“
Господ му е сепак Бог на Израел
10 # 2,16; 13,4; 1 Мојс 20,2; 3 Мојс 11,45 Јас сум твојот Господ Бог уште од земјата египетска: пак ќе те населам да седиш во колиби како во деновите на празникот. 11#6,5; 4 Мојс 12,2-8; 5 Мојс 18,15; Пс 74,9; Плач 2,9Јас им зборував на пророците и ги умножував виденијата, а и преку пророците ќе донесам уништување. 12#4,15; 6,8; 9,15Во Галаад има беззаконија, тие ќе бидат уништени. Во Гилгал колат за жртви телци, а жртвениците им стојат како купишта камења на меѓите од нивните ниви. 13#1 Мојс 29Избега Јаков во Арам и Израел служеше за жена, а за жена и овци па­сеше. 14#11,1; 2 Мојс 3,7-10; 5 Мојс 18,15.18Преку пророк го изведе Господ Израел од Египет и преку пророк Тој го пазеше. 15#Ез 33,4Ефрем многу Го разгневи Господа, па затоа Господ ќе ја остави крвта негова на него, и ќе му плати за неговите навреди.

Селектирано:

Осија 12: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност