Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 11

11
Божјо сожалување над Неговиот народ
1 # 11,10; 2 Мојс 4,22; Ер 2,1-9; 3,19; Мал 1,6; Мт 2,15 Кога Израел беше млад, Јас го сакав и од Египет го повикав како Мој син. 2Но колку повеќе ги повикував, толку повеќе се оддалечуваа од Мене, принесуваа жртви на Вааловци и им кадеа на идоли. 3#2,10; 5 Мојс 1,31Јас Самиот го учев Ефрем да оди, го носев на рацете Свои, а тие не сфаќаа дека се грижев за нив. 4#2 Мојс 16,4.8.12; 4 Мојс 11,7-9; 5 Мојс 8,16Ги привлекував со нежност и со љубов, и Јас бев за нив како оној, што ја олабавува уздата од устата нивна, и кротко им подавав храна. 5#5,4; 8,13; 9,3; 10,6Тие ќе се вратат во Египет; Ашур – ќе му биде цар, зашто тие не посакаа да се вратат кај Мене. 6И меч ќе беснее по нивниот град, ќе ги уништи неговите заштитници, и ќе ги проголта поради нивните сплетки. 7Народот Мој е наклонет кон отста­пување од Мене. Кон Севишниот пови­куваат, но никој не им помага. 8#6,4; 1 Мојс 10,19; 14,2.8; 5 Мојс 32,26; Ис 54,8; Ер 31,20Како да те дадам, Ефреме? Како да те предадам, Израеле? Како да те на­правам како Адма? Да ти направам како што му направив на Цевоим? Срцето Ми се вознемирува, затреперува утробата Моја од жалост. 9#4 Мојс 23,19; 1 Сам 15,29; Ис 5,16; 6,3Нема да постапам според јароста на гневот Свој, и нема да го истребам Ефрем, зашто Јас сум Бог, а не човек, Светец меѓу вас; Јас нема веќе во гнев да доаѓам. 10#Ис 11,10-12; 43,5-7; Ер 25,30; 31,8.9; Амос 1,2; 3,8; Откр 10,3По Господа тие ќе одат. Како лав ќе го издигне Тој гласот Свој, ќе го пушти гласот Свој – и ќе побрзаат кон Него синовите од запад, 11ќе полетаат од Египет како птици, и од Асирија – како гулаби, и ќе ги населам во домовите нивни, вели Господ.

Селектирано:

Осија 11: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност