Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 1

1
1 # 2 Цар 14,23-29; Ис 1,1; Амос 1,1; Мих 1,1 Слово Господово што беше упатено до Осија, син Беериев, во деновите на јудејските цареви Озија, Јотам, Ахаз, Езекија и во деновите на израелскиот цар Јеровоам, синот Јоасов.
Семејството на Осија
2 # 4,12; 5,4; 9,1; 2 Мојс 34,16; Наум 3,4; Пс 106,39; 2 Кор 11,2 Почеток на словото Господово до Осија. Му рече Господ на Осија: „Оди и земи жена блудница, па роди деца од блудство; зашто оваа земја многу блудствува, откако отстапи од Господ.“ 3И тој отиде и ја зеде Гомер, ќерката на Дивлаим, која зачна и му роди син. 4#1 Цар 18,45; 2 Цар 9,1-10; 10,1-17; 17,2-6Тогаш Господ му рече: „Стави му име Јизреел, зашто уште малку и Јас ќе му се одмаздам на Јехуевиот дом за крвта пролеана во Јизреел и ќе го укинам царството на Израел, 5#Ис 2,11; Амос 8,9; Зах 14,9; Јов 29,20; Мт 7,22; Лк 6,23; Јн 14,20и во тој ден ќе го скршам лакот на Израел во долината Јизреел.“ 6Таа пак зачна и роди ќерка, и Тој му рече: „Именувај ја Ло-Рухама, зашто Јас веќе нема да го помилувам домот Израелов, и да им проштевам. 7#14,4; 1 Сам 17,47; Ис 30,16; 31,1; Мих 5,9; Зах 4,6; 9,10; Пс 20,7; Изреки 21,31А домот Јудин ќе го помилувам и ќе ги спасам Јас, нивниот Господ Бог, не со лак, ниту со меч, ни со војска, ниту со коњи и коњаници.“ 8Потоа, откако ја одби од доење, од­ново зачна и роди син. 9#2,25; 3 Мојс 26,12; Ер 7,23; 11,4; 31,33; Ез 11,20; 14,11; Зах 8,8И Тој му рече: „Наречи го со името Ло-Ами, зашто вие не сте Мој народ, и Јас нема да бидам ваш Бог.“

Селектирано:

Осија 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се