Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија Вовед

Вовед
Осија бил пророк во северното царство Израел, во последните години од неговото постоење како слободна и независна држава.
Во првите три глави од оваа книга, семејниот живот на Осија е употребен како слика на пораката што Осија треба да му ја пренесе на народот. Господ му заповедал на овој пророк да се ожени со блудница, како слика за неверството на израелскиот народ кон Бога. Потоа Бог му кажува на Осија какви имиња да им даде на своите деца; имињата требало да ги потсетуваат Израелците дека ќе бидат казнети. И покрај сѐ, Господ му заповедал на Осија да ја сака својата неверна жена. Ова требало да ја претставува Божјата верна љубов кон Неговиот неверен народ.
Преостанатиот дел од книгата го нагласува Божјиот завет со Израел, кој говори за обврската за меѓусебна верност помеѓу Господ и Израел. Господ постојано ја одржувал Својата верност, додека Израелците зачестено Го изне­верувале. На моменти, Израелците повеќе се надевале на својата војска, па и на туѓите, соседни армии, отколку на Господ. Исто така, тие честопати им служеле на идоли, очекувајќи киповите да им донесат добар род.
Во оваа книга Господ ги става пред суд Израел и Јуда, обвинувајќи ги за не­верство кон заветот со Бога, поради што им навестува и казна. Сепак, Божјата љубов кон Неговиот народ ќе продолжи и Тој ќе им прости, кога тие ќе се научат да Му бидат верни.

Селектирано:

Осија Вовед: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се