Евреите 10
10
Силата на жртвата Христова
1 #
7,19; 8,5; 3 Мојс 16,34; Кол 2,17 Бидејќи Законот ја има само сенката на идните добра, а не суштината на работите, никогаш не може со оние исти жртви, што се принесуваат секоја година, да ги усоврши оние кои пристапуваат. 2#9,9.26Инаку би престанале да се принесуваат, бидејќи оние што служат, еднаш очистени, не ќе имаат веќе никаква свест за гревовите. 3#3 Мојс 16,21Но преку жртвите секоја година се потсетуваат на гревовите, 4#7,18-19; 9,9.12-13; 10,1.11; Ис 1,11бидејќи не е можно телешката и јарешката крв да ги однесе гревовите. 5#Пс 40,7-9Поради тоа, влегувајќи во светот, вели: „Жртви и дарови Ти не посака, а тело Ми приготви. 6Сепаленици за гревот не Ти се угодни.“ 7#Мт 26,39Тогаш реков: „Ете, идам, напишано е за Мене во книгата, да ја извршам, Боже, волјата Твоја.“ 8#Пс 40,7Кога погоре рече: „Жртви и дарови и сепаленици за гревот – што се принесуваат според Законот, Ти не посака и не Ти се угодни“, 9#7,18-19; Пс 40,8.9а потоа рече: „Ете, идам, Боже, да ја извршам волјата Твоја“, со тоа Тој го укинува првото, за да го воспостави второто. 10#2,11; 7,27; 9,14.28; 10,12.14; 13,12; Јн 17,19; Ефес 5,2.26; 1 Сол 4,3Според таа волја сме осветени со приносот на телото на Исус Христос еднаш засекогаш. 11#2 Мојс 29,38И секој свештеник стои секој ден, служејќи и принесувајќи многупати едни и исти жртви, кои никогаш не можат да ги отстранат гревовите; 12#1,13а Тој, принесувајќи само една жртва за гревовите, засекогаш седна оддесно на Бога, 13и оттогаш чека понатаму додека непријателите Негови не бидат положени како подножје за нозете Негови. 14#7,25; 10,10Зашто преку едно принесување Тој осветените ги направи засекогаш совршени. 15#3,7И Светиот Дух ни посведочи, зашто, откако порано рече: 16#8,10.12; Ер 31,33.34„Ова е заветот што ќе им го дадам по оние дни, вели Господ: ќе ги вградам законите Свои во срцата нивни, и во мислите нивни ќе ги напишам.“ Тој додава: 17„И за гревовите и беззаконијата нивни нема веќе да си спомнувам.“ 18А каде што има проштевање за нив, таму веќе нема приноси за грев.
Да Му пристапиме на Бога
19 #
4,16; 9,8.12.25; Ефес 3,12 И така, браќа, кога имаме слобода да влегуваме во светилиштето преку крвта на Исус Христос по нов и жив пат, 20#6,19-20; Јн 14,6што Тој ни го отвори низ завесата, односно преку Своето тело, 21#3,6; 4,14имаме Врховен свештеник над домот Божји. 22#4,16; 6,11; 9,14; 2 Мојс 29,4; 3 Мојс 16,4; Ез 36,25; Дела 22,16; Ефес 5,26; 1 Тим 3,9Затоа да пристапиме со искрено срце, во полна вера, откако ќе ги очистиме срцата од зла совест со попрскување и откако ќе го измиеме телото со чиста вода. 23#4,14И да го држиме исповеданието на надежта цврсто, зашто верен е Оној Кој се заветувал. 24#Тит 2,14И да бидеме внимателни еден кон друг за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела, 25#3,13; 13,22; Дела 2,42; 1 Кор 3,13не изостанувајќи од собранијата како што некои имаат обичај, туку да се поучуваме еден друг, и тоа во толку повеќе, до колку гледате дека се приближува судниот ден. 26#6,4-8; 4 Мојс 15,30; 2 Птр 2,20-21Зашто, ако, откако ја познавме вистината, своеволно продолжуваме да грешиме, тогаш нема веќе жртва за гревови, 27#9,27; Ис 26,11; Соф 1,18; 2 Сол 1,6-8туку страшно очекување на суд и јаростен оган што ќе ги проголта противниците. 28#5 Мојс 17,6Ако оној што го прекршил Мојсеевиот закон, пред двајца или тројца сведоци безмилосно се казнува со смрт, 29#2,3; 6,4.6; 9,20; 12,25; 13,20; 2 Мојс 24,8; Мт 7,6; 26,28; 1 Кор 6,11; 11,27; Ефес 4,30тогаш, колку ли потешка казна, мислите, ќе заслужи оној што Го погазил Синот Божји и ја осквернил крвта на заветот преку која е осветен и Го похулил Духот на благодатта? 30#5 Мојс 32,35.36; Пс 135,14; Рим 12,19Зашто ние Го знаеме Оној што рекол: „Одмаздата е Моја, Јас ќе платам“, вели Господ. И пак: „Господ ќе му суди на Својот народ.“ 31#Мт 10,28; 2 Кор 5,11Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог! 32Потсетувајте се на вашите поранешни денови кога, откако се просветивте, поднесовте голема борба во страдањата, 33#1 Кор 4,9; Фил 4,14било затоа што бевте изложени на срам и маки, било затоа што станавте соучесници на оние кои исто така страдаа, 34#11,16; 13,3; 1 Птр 1,4-5зашто и на оковите мои се сожаливте и со радост дозволивте вашиот имот да се разграби, знаејќи дека на небесата имате подобар и траен имот. 35#4,16; 11,6И така, не напуштајте ја вашата слобода; таа ви носи голема награда. 36#6,12.15; Лк 8,15; 21,19Најнапред ви е потребно трпение, па, откако ќе ја исполните волјата Божја, да го добиете ветеното; 37#Ис 26,20; Авак 2,3; Откр 22,20зашто уште малку, сосем малку и „Оној што иде, ќе дојде и нема да задоцни. 38#Авак 2,4; Рим 1,17; Гал 3,11А праведниот преку верата ќе биде жив; Јас не се радувам за ниеден кој отстапува.“ 39#1 Птр 1,9Ние, пак, не сме од оние што отстапуваат и гинат, туку од оние кои веруваат и се спасуваат.
Селектирано:
Евреите 10: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006