Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 9

9
Старото богослужение
1 # 9,10 Така и во првиот завет имаше уредби за богослужение и земно свети­лиште; 2#2 Мојс 25,8-9; 25,23-39зашто скинијата беше направена вака: во првиот дел се наоѓаа светилникот, трпезата и изложените лебови; тој дел е наречен „Свето Место.“ 3#2 Мојс 26,31-33А зад втората завеса од скинијата беше делот, наречен „Светиња над све­тињите“; 4#2 Мојс 16,32-34; 25,10-15; 30,1-6; 32,15-16; 4 Мојс 17,23-25во неа се наоѓаше златната кадилница и од сите страни опкован со злато ковчегот на заветот, во кој стоеја златниот сад со мана и расцутениот жезол на Арон, како и плочите на заветот, 5#2 Мојс 25,17-22; 26,34а над него – херувими на славата, што го осенуваа чистилиштето; за ова сега нема потреба да се зборува по­оп­ширно. 6#4 Мојс 18,3При ваков распоред, во првиот дел од скинијата секогаш влегуваа свеш­те­ниците и извршуваа служба Божја; 7#5,3; 9,17-18; 2 Мојс 30,10; 3 Мојс 16,2-34а во вториот дел влегуваше по ед­наш во годината првосвештеникот и тоа не без крв, што ја принесуваше како жртва за себе и за гревовите на народот, направени поради незнаење. 8#10,19-20; Јн 14,6Преку ова Светиот Дух покажуваше дека сѐ уште не е отворен патот за све­тилиштето сѐ додека стои првата ски­нија, 9#7,19; 10,1-4.11која е симбол на сегашното време, во кое се принесуваат дарови и жртви, кои не можат да го направат совршен по совеста оној што служи, 10#13,9; 3 Мојс 11,2; 15,18; 4 Мојс 6,3; 19,13; Кол 2,16туку се состојат само од јадења и пиења, и разни миења и телесни обреди, установени до времето кога сето ова ќе се исправи.
Христовото жртвопринесување
11 # 4,14; 8,2; 9,24; 2 Кор 5,1 Но Христос, кога стана Прво­свеш­теник на идните добра, со поголемо и со посовршено светилиште, нера­ко­тво­ре­но, односно не онакво какво што се пра­ви на земјата, 12#5,9; 7,27; 9,19.24-26; 10,4.10.14; 13,12; Мт 26,28; Рим 3,15ниту со крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето ед­наш засекогаш и изврши вечен откуп. 13#3 Мојс 16,14-16; 17,11; 4 Мојс 19,9.17Зашто, ако крвта на јунче и јарец, и пепелта од јуница преку попрскување ги осветуваат осквернетите за очистување на телото, 14#6,1; 10,10; Пс 51,3; Зах 13,1; Јн 10,18; 1 Тим 3,9; Тит 2,14; 1 Птр 1,19; 3,18; 1 Јн 1,7тогаш, колку ли повеќе крвта на Христос, Кој преку Светиот Дух се принесе Себе на Бога непорочен, ќе ја очисти совеста наша од мртви дела за да Му служиме на живиот Бог.
Завет запечатен со крв
15 # 7,22 Затоа е Тој посредник на новиот за­вет, та по Неговата смрт, што стана за откуп на престапите од времето на пр­виот завет, призваните да го добијат ветеното вечно наследство. 16Зашто, каде што има завет, таму е неопходно да следува смртта на заветувачот, 17бидејќи заветот добива сила само по смртта; тој нема никаква сила додека заветувачот е жив. 18Поради тоа ни првиот завет не беше утврден без крв. 19#2 Мојс 24,3-8; 3 Мојс 14,4-7; 4 Мојс 19,6Зашто Мојсеј, откако ги прочита сите заповеди од Законот пред сиот на­род, зеде крв телешка и јарешка со во­да, и со црвена волна и со исоп ја по­ро­си како самата книга, така и сиот народ, 20#2 Мојс 24,8велејќи: „Ова е крвта на заветот што ви го одреди Бог.“ 21Исто така со крв ги попрска и све­тилиштето и сите садови за служење на Бога. 22#3 Мојс 17,11; Ефес 1,7И речиси сѐ според Законот со крв се очистуваше, и без пролевање крв не­ма проштевање. 23#8,5И така, образите небесни требаше да се очистат на таков начин, а самото небесно со подобри жртви од овие.
Христовото влегување на небото
24 # 4,14; 8,2; Рим 8,34 Зашто Христос не влезе во ракот­во­рено светилиште, кое е само образец на вистинското, туку во самото небо, за да се јави сега пред лицето на Бога за нас; 25#9,7и не да се принесува Себе како жрт­ва повеќепати, како што првосвеш­те­ни­кот влегува во светилиштето секоја го­ди­на со туѓа крв. 26#7,27; 9,12.28; 10,2; 12,26; 1 Кор 10,11; Гал 4,4; 1 Птр 1,19-20; 3,18; 1 Јн 3,5Инаку Тој би требало многупати да пострада од созданието на светот. А сега еднаш засекогаш, до крајот на вековите, се јави за да го однесе гревот, откако се принесе Сам Себе како жрт­ва. 27#1 Мојс 3,19; Рим 2,5-10; Откр 20,11-15И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – суд, 28#10,10; Ис 53,12; Фил 3,20; 1 Сол 1,10; 1 Птр 2,24така и Христос, откако еднаш се принесе Самиот Себе како жртва, за да ги однесе гревовите на мнозина, вторпат ќе им се јави не веќе како жртва за грев на оние што Го очекуваат, туку за нивно спасение.

Селектирано:

Евреите 9: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност