Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 43:1-14

Создавање 43:1-14 MK2006

Но гладот се зголемуваше во таа земја. А кога го изедоа житото, што го беа донеле од Египет, таткото нивни им рече: „Одете пак и купете ни малку храна.“ Јуда му проговори и рече: „Оној човек јасно ни рече: ‚Да не се јавувате пред лицето мое, ако вашиот помал брат не дојде со вас.‘ Ако го пуштиш со нас братот наш, ќе одиме и ќе ти купиме храна. Ако, пак, не го пуштиш, тогаш нема да одиме, зашто оној човек ни рече: ‚Да не се појавувате пред лицето мое, ако вашиот брат не биде со вас!‘“ Но Израел рече: „Зошто ми направивте такво зло и му рековте на човекот дека имате уште еден брат?“ А тие одговорија: „Човекот се рас­пра­шуваше за нас и за родот наш, ве­лејќи: ‚Дали е уште жив таткото ваш? Имате ли друг брат?‘ И ние му одго­воривме како што нѐ прашуваше. Можевме ли да знаеме дека ќе рече: ‚Доведете го братот ваш!?‘“ А Јуда му рече на Израел, таткото свој: „Пушти го малиот со мене, па ќе се кренеме и ќе отидеме за да останеме живи, и да не изумреме ни ние, ниту ти, ни нашите деца. Јас ќе одговарам за него, од моја рака ќе го бараш. Ако не ти го доведам и не го претставам пред тебе, ќе бидам виновен пред тебе до крајот на мојот живот. Да не се бавевме толку, досега можеби двапати ќе се вратевме!“ Тогаш Израел, таткото нивни, рече: „Ако е така, еве што ќе направите – земете плодови од оваа земја, па однесете му ги како подарок на оној човек; малку балсам, малку мед, миризлива смола, темјан, кикиритки и бадеми. А пари, со себе земете двојно по­веќе, бидејќи ќе треба да ги вратите парите, што ги најдовте под грлата на вашите вреќи; можеби е грешка. Земете го и братот ваш, па станете и одете пак кај оној човек. А семоќниот Бог Ел-Шадај да ви помогне да најдете милост кај оној човек, па да ви го пушти и другиот ваш брат, и Венијамин. А јас, пак, ако треба веќе да останам без деца, нека останам.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност