Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 43

43
Јаков го пушта Венијамин
1 # 41,57 Но гладот се зголемуваше во таа земја. 2А кога го изедоа житото, што го беа донеле од Египет, таткото нивни им рече: „Одете пак и купете ни малку храна.“ 3#42,15-20Јуда му проговори и рече: „Оној човек јасно ни рече: ‚Да не се јавувате пред лицето мое, ако вашиот помал брат не дојде со вас.‘ 4Ако го пуштиш со нас братот наш, ќе одиме и ќе ти купиме храна. 5#44,23Ако, пак, не го пуштиш, тогаш нема да одиме, зашто оној човек ни рече: ‚Да не се појавувате пред лицето мое, ако вашиот брат не биде со вас!‘“ 6Но Израел рече: „Зошто ми направивте такво зло и му рековте на човекот дека имате уште еден брат?“ 7А тие одговорија: „Човекот се рас­пра­шуваше за нас и за родот наш, ве­лејќи: ‚Дали е уште жив таткото ваш? Имате ли друг брат?‘ И ние му одго­воривме како што нѐ прашуваше. Можевме ли да знаеме дека ќе рече: ‚Доведете го братот ваш!?‘“ 8А Јуда му рече на Израел, таткото свој: „Пушти го малиот со мене, па ќе се кренеме и ќе отидеме за да останеме живи, и да не изумреме ни ние, ниту ти, ни нашите деца. 9#42,37Јас ќе одговарам за него, од моја рака ќе го бараш. Ако не ти го доведам и не го претставам пред тебе, ќе бидам виновен пред тебе до крајот на мојот живот. 10Да не се бавевме толку, досега можеби двапати ќе се вратевме!“ 11#37,25; Изреки 18,16Тогаш Израел, таткото нивни, рече: „Ако е така, еве што ќе направите – земете плодови од оваа земја, па однесете му ги како подарок на оној човек; малку балсам, малку мед, миризлива смола, темјан, кикиритки и бадеми. 12А пари, со себе земете двојно по­веќе, бидејќи ќе треба да ги вратите парите, што ги најдовте под грлата на вашите вреќи; можеби е грешка. 13Земете го и братот ваш, па станете и одете пак кај оној човек. 14#42,24А семоќниот Бог Ел-Шадај да ви помогне да најдете милост кај оној човек, па да ви го пушти и другиот ваш брат, и Венијамин. А јас, пак, ако треба веќе да останам без деца, нека останам.“
Повторна средба на браќата со Јосиф
15Тогаш тие ги зедоа подароците и двојно повеќе сребреници, го зедоа и Венијамин, па станаа и отидоа во Египет и излегоа пред Јосиф. 16А Јосиф кога го виде со нив и Венијамин, му рече на човекот што управуваше со неговата куќа: „Одведи ги овие луѓе дома, па заколи нешто од добитокот и зготви го, зашто тие на пладне со мене ќе ручаат.“ 17И направи човекот така како што му рече Јосиф, и ги одведе луѓето во домот Јосифов. 18А тие луѓе се уплашија, кога чо­векот ги водеше во домот Јосифов, и рекоа: „Заради среброто, што се најде порано во вреќите наши, нѐ водат, додека не смислат нешто, па да нѐ обвинат, за да нѐ заробат нас и нашите магариња!“ 19И му пристапија на човекот, што управуваше со домот Јосифов, и му проговорија пред вратата на куќата 20и рекоа: „Чуј нѐ, господаре! Ние и порано бевме овде, за да купиме храна. 21#42,27-28Но кога бевме на ноќевање, ги отворивме вреќите, а тоа – среброто на секого од нас беше одозгора во вреќите наши; и еве во иста количина го враќаме со свои раце, 22а и друго сребро донесовме, да купиме храна; ние не знаеме кој ни го стави среброто наше во вреќите.“ 23А тој одговори: „Бидете спокојни, не плашете се, вашиот Бог и Бог на таткото ваш го ставил тоа благо во вреќите ваши; среброто ваше стигна кај мене.“ И им го изведе Симеон. 24#18,4И ги воведе човекот во домот Јосифов и им донесе вода, за да ги измијат нозете; а им даде и храна за нивните магариња. 25#43,11И ги приготвија подароците, че­кајќи дури да дојде Јосиф на пладне, зашто чуја дека тука ќе ручаат. 26А кога дојде Јосиф дома, му ги дадоа подароците, што ги имаа в рацете свои, и му се поклонија доземи. 27Потоа тој ги праша за здравјето и рече: „Добар ли е вашиот стар татко, за кого ми зборувавте? Жив ли е уште?“ 28А тие одговорија: „Жив е слугата твој, нашиот татко, и здрав е.“ Па се наведнаа и му се поклонија. 29#35,24; 4 Мојс 6,25А кога ги подигна очите свои, го виде братот свој, Венијамин, и рече: „Овој ли е најмалиот брат ваш, за кого ми зборувавте?“ И додаде: „Бог нека ти биде благонаклонет, синко!“ 30#42,24Тогаш Јосиф побрза надвор, зашто срцето му се беше возбудило поради братот негов. Му дојде да заплаче, па влезе во внатрешната соба и таму плачеше. 31Потоа се изми и излезе, и воздр­жувајќи се рече: „Принесете јадење!“ 32#46,34И му донесоа, нему посебно, ним одделно, и на Египќаните што ручаа кај него посебно, зашто Египќаните не можат да јадат со Евреите, бидејќи тоа би им било неугодно на Египќаните. 33И седнаа тие пред него, постарите според возраста нивна, а помладите спо­ред младоста нивна, па се погледаа, чудејќи се. 34И нареди дел од јадењата што беа пред него, да ги носат пред нив, а делот на Венијамин беше петпати поголем од делот на секого од нив. И пиеја и се нагостија со него.

Селектирано:

Создавање 43: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност