Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ездра 9

9
1 # 6,21; 1 Мојс 19,38; 2 Мојс 13,5; 23,28; 5 Мојс 20,17; Суд 3,5; 2 Лет 8,7 Откако се сврши тоа, началниците се приближија до мене и рекоа: „Народот Израелов и свеште­ниците и левитите не се одвоија од народите на другите племиња поради нивните гнасотии, од Хананците, Хитијците, Пери­зијците, Јевусијците, Амонците, Моав­ците, Египќаните и Аморејците, 2#2 Мојс 34,16; 5 Мојс 7,1; 14,2; Мал; 2,10-12; Рута 1,4зашто зедоа нивни ќерки за себе и за синовите свои, светото семе се смеша со народи од туѓи племиња, а притоа раката на кнезовите и војво­дите беше прва во тоа беззаконие.“ 3#2 Мојс 32,19; 33,4; 4 Мојс 14,6; Суд 20,26Откако ги чув тие зборови, ја рас­кинав долната и горната своја облека, ги кубев косите на главата своја и на брадата своја и седев нажален. 4#Ис 66,2-5; Пс 119,120; Неем 1,4Тогаш се собраа кај мене сите што се уплашија од зборовите на Бог Из­раелов поради престапите на преселниците, и јас седев вџашен до принесувањето на вечерната жртва.
Ездра се моли за заштита на грешните
5 # Пс 28,2; 134,2; Неем 8,6 А во време на вечерната жртва ста­нав од моето понизно место со раскината долна и горна облека, паднав на колена и ги кренав рацете кон Господ, мојот Бог, 6#Ис 59,12; Ер 31,19; Јона 1,2; Откр 18,5и реков: „Боже мој, срам ми е и страв ми е да го покажам моето лице кон Тебе, Боже мој, зашто беззаконијата ни надвиснаа над нашите глави, и вината ни нарасна до небото. 7#5 Мојс 28,37.64; 2 Лет 29,6Од дните на нашите предци до денес ние сме во голема вина, и поради нашите беззаконија бевме преда­дени ние, царевите наши, свештени­ците на­ши, – во рацете на цареви од туѓи земји, на меч, во пленство, на грабеж и навреди, како што е и сега. 8#Ис 4,3И ете, по малку време, ни се дарува милост од Господ, нашиот Бог, Кој остави кај нас спасение и ни даде да се закрепиме во Неговото свето место; ни ги просвети очите нашиот Бог и ни даде да здивнеме малку од ропството свое. 9Ние сме робови, но и во ропството нашиот Бог не нѐ остави. Тој ја при­веде кон нас милоста на персиските цареви за да ни дадат нов живот, да го подиг­неме домот на нашиот Бог, да го обно­виме од урнатините негови, и да ни да­дат сигурно засолниште во Јудеја и во Ерусалим. 10А сега што да кажеме, Боже наш, потоа? Зашто ние отстапивме од Твои­те заповеди 11#3 Мојс 18,24-25; Ез 36,17што ни ги даде преку Твоите слу­ги, пророците, велејќи: ‚земјата, во која одите за да ја завладеете, е земја нечис­та; таа е извалкана од нечисто­тиите на народите од туѓи племиња, со нивни гнасотии, со кои ја наполнија открај докрај со своите нечистотии. 12#1 Мојс 45,18; 2 Мојс 34,15; 5 Мојс 11,8; Ез 37,25; Пс 103,17Затоа не ги давајте ќерките свои за синовите нивни, и ќерките нивни не ги земајте за синовите свои, и не барајте го мирот нивни, ниту благата нивни довека, за да се закрепите и храните со најдобрите плодови на таа земја и да ја предадете во наследство на синовите свои довека.‘ 13#2 Мојс 32,22; Пс 103,10; Јов 11,6И по сѐ што нѐ снајде поради лошите дела наши и поради големата вина наша и, – зашто Ти, Боже наш, нѐ поштеди не според беззаконието наше, туку ни даде такво избавување, – 14#5 Мојс 9,8.14; Неем 13,27зарем пак ќе ги нарушуваме Твоите заповеди и ќе влегуваме во родство со тие одвратни народи? Не­ма ли да се разгневиш на нас сѐ додека нѐ не погубиш, па да нема живи и да нема спасени? 15#Ер 12,1; Пс 145,17; Плач 1,18; Дан 9,14-15; Неем 9,33Господи, Боже Израелов! Ти си праведен, зашто ние бевме нажалени до денес; и еве, ние сме во беззаконијата свои пред Твоето лице, макар што по сето тоа не би требало да стоиме пред Твоето лице.“

Селектирано:

Ездра 9: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се