Ездра 10
10
Јудејците ги испраќаат назад жените туѓинки
1 #
Суд 20,18; Дан 9,20 Додека Ездра така се молеше и исповедаше, плачејќи и лежејќи пред Божјиот дом, се собра кај него многуброен народ од Израел, мажи, жени и деца, зашто и народот плачеше многу. 2#9,2; 5 Мојс 30,8-10Тогаш се јави Шеханија, синот на Јехиил од потомците на Елам, и му рече на Ездра: „Згрешивме пред нашиот Бог, зашто зедовме жени од народите на таа земја, но уште има надеж за Израел за таа работа; 3да се заветуваме сега пред нашиот Бог дека ќе ги отпуштиме сите жени од другите племиња и родените од нив деца, – и нека биде по законот на нашиот Бог, и според законот нека биде. 4Стани, зашто ова е твоја работа, и ние сме со тебе: биди храбар и работи!“ 5#Неем 5,12; 13,25Тогаш стана Ездра и им порача на старешините над свештениците, левитите и над сиот Израел да положат заклетва дека ќе направат така. И тие се заколнаа. 6#2 Мојс 34,28; 5 Мојс 9,18Стана Ездра од пред Божјиот дом и тргна кон собата на Јоханан, синот на Елијашив, и ноќеваше таму. Леб не јадеше и вода не пиеше, зашто беше наскрбен поради престапите на преселниците. 7И им соопштија по Јудеја и во Ерусалим на сите, што беа вратени од пленство да се соберат во Ерусалим, 8а на оној што не ќе дојде за три дни, ќе му се одземе имотот, по решение на началниците и старешините, целиот имот негов, а самиот тој ќе биде исклучен од заедницата на оние кои беа во пленство. 9#1,5И во тие три дни се собраа во Ерусалим сите жители на Јудеја и на земјата Венијаминова. Тоа беше во деветтиот месец на дваесеттиот ден од месецот. Седеше сиот народ на плоштадот пред Божјиот дом и трепереше, како поради таа работа, така и од дождот. 10#2 Лет 28,13Тогаш свештеникот Ездра стана и им рече: „Вие направивте престап, земајќи жени од други племиња и со тоа ја зголемивте вината на Израел; 11#Ис.Н. 7,19; Ер 13,16; Мал 2,2затоа, покајте се пред Господ, Бог на вашите предци, и исполнете ја волјата Негова, одвојте се од народите на таа земја и од жените од други племиња.“ 12Целото собрание одговори и рече со силен глас: „Како што рече, така и ќе направиме. 13Но народот е многуброен, и времето е сега студено, та не може да се стои на улица. Па и таа работа не е ни за ден, ниту за два, зашто ние згрешивме многу во таа работа. 14#4 Мојс 25,4; 5 Мојс 16,18; 2 Лет 29,10Нека се изберат заменици на началниците за целото собрание, и сите во нашите градови што зеле жени од други племиња да доаѓаат тука во определено време заедно со старешините и судиите на секој град, додека не се одврати од нас пламнатиот гнев на нашиот Бог поради таа работа.“ 15#Неем 11,16Само Јонатан, синот на Асаил и Јахзеја, синот на Тиква, се спротивставија, а Мешулам и левитот Шабетај ги поткрепуваа во тоа. 16Потоа вратените од пленство постапија така. За тоа беа определени: свештеникот Ездра, началниците од секое нивно поколение, и старешините на нивните домови сите по име. Тие се собраа на заседание во првиот ден на десеттиот месец за да ја испитаат таа работа. 17До првиот ден од првиот месец го завршија испитувањето за сите што беа зеле жени од други племиња.
Список на грешните Јудејци
18 #
Суд 3,6
Меѓу потомците на свештениците се најдоа и такви што беа зеле жени од други племиња, – од синовите на Јешуа, синот Јоседеков, и браќата негови: Маасеја, Елиезер, Јарив и Годолија; 19#3 Мојс 5,15тие ја дадоа раката своја како ветување дека ќе ги напуштат жените свои, и дека, како виновни, ќе принесат жртва по еден овен за вината своја; 20од Имеровите потомци: Ананија и Зевадија; 21од Харимовите потомци: Маасеа, Елија, Шемаја, Јехиил и Озија; 22од Пашхуровите потомци: Елиоенај, Маасеја, Исмаил, Натанаил, Јозавад и Елеаса; 23од левитите: Јозавад, Семеј и Келаја, нарекуван и Келита, потоа Петахија, Јуда и Елиезер. 24Од пејачите: Елијашив. Од чуварите на вратите: Селум, Телем и Уриј. 25А од Израел – од потомците на Парош: Рамија, Изија, Малкија, Мијамин, Елеазар, Малкија и Ванеја. 26Од потомците на Елам: Матанија, Захарија, Јехиил, Авдиј, Јеремот и Елија. 27Од потомците на Зату: Елиоенај, Елијашив, Матанија, Јеремот, Завад и Азиза. 28Од потомците на Бевај: Јоанан, Ананија, Забај и Атлај. 29Од потомците на Ваниј: Мешулам, Малух, Адаја, Јашув, Шеал и Јеремот. 30Од потомците на Пахат-Моав: Адна, Келал, Ванеја, Маасеја, Матанија, Веселеил, Бинуј и Манасија. 31Од потомците на Харим: Елиезер, Јишија, Малкија, Шемаја, Симон. 32Венијамин, Малух, Шемарија. 33Од потомците на Хашум: Метенај, Матата, Завад, Елифелет, Јеремај, Манасија и Семеј. 34Од потомците на Ваниј: Маадај, Амрам и Уел, 35Ванеја, Бедеја, Келухиј, 36Ванија, Меремот, Елејашив, 37Матанија, Матенај, Јаасај. 38Ваниј, Бинуј и Семеј, 39Шелемија, Натан и Адаја, 40Махнадевај, Шашај и Шарај, 41Азариил, Шелемија, Шемарија, 42Селум, Амарија и Јосиф. 43Од потомците на Нево: Јеиел, Матитија, Завад, Зевина, Јадај, Јоил и Ванеја. 44Сите тие си беа зеле жени од други племиња, а некои од тие жени им беа родиле и деца.
Селектирано:
Ездра 10: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006