Ездра 7
7
Свештеникот Ездра
1 #
4,7; 6,14; 2 Цар 22,4; 25,18 По тие настани, во текот на царувањето на Артаксеркс, царот персиски, Ездра – синот на Сераја, син на Азарија, син на Хелкија, 2син на Селум, син на Садок, син на Ахитув, 3син на Амарија, син на Азарија, син на Мерајот, 4син на Зерахија, син на Озиј, син на Буки, 5син на Авишуа, син на Финес, син на Елеазар, син на првосвештеникот Арон, – 6#7,9.28; 8,18.22.31; Неем 2,8.18тој Ездра тргна на пат од Вавилон. Тој беше книжник и го знаеше законот Мојсеев, даден од Господ, Бог Израелов. Царот му даде сѐ по желбата негова, зашто раката на Господ, неговиот Бог, беше над него. 7Со него отидоа во Ерусалим и некои синови Израелови, и свештеници, и левити, и пејачи, и чувари на вратите, и слуги на храмот во седмата година на царот Артаксеркс. 8Тој дојде во Ерусалим во петтиот месец, во седмата година од владеењето на царот. 9На првиот ден од првиот месец тој го започна излегувањето од Вавилон, а во првиот ден од петтиот месец тој дојде во Ерусалим: благодатната рака на неговиот Бог беше над него. 10#5 Мојс 33,10Зашто Ездра го беше укрепил срцето свое да го изучува и да го исполнува законот Господов, и да го учи Израел во законите и уредбите.
Задачите на Ездра доделени од Артаксеркс
11Еве ја содржината на писмото, што царот Артаксеркс му го даде на Ездра, свештеник и книжник, кој го учеше Израел на заповедите Господови и на законите Негови: 12#Ез 26,7; Дан 2,37„Артаксеркс, цар над царевите, до Ездра свештеникот, совршениот учител во законот на небесниот Бог денес. 13Издадов указ, во царството мое секој од народот Израелов и од неговите свештеници и левити што сака да оди во Ерусалим, нека појде со тебе. 14#Ест 1,14Бидејќи си испратен од царот и од седумте негови советници, да ги надгледуваш Јудеја и Ерусалим во законот на твојот Бог, кој е во раката твоја, 15#5 Мојс 12,5; 1 Цар 8,13; 2 Лет 6,2и да го однесеш среброто и златото, кое царот и советниците негови го жртвуваа на Бог Израелов, Чие живеалиште е во Ерусалим, 16#2 Мојс 3,22; Зах 6,10и сето сребро и злато што ќе го собереш по целата област Вавилонска, заедно со доброволните приноси од народот и свештениците што ќе жртвуваат за домот на својот Бог, Кој е во Ерусалим, – 17#4 Мојс 15,5-12; 2 Цар 3,4затоа веднаш купи за тие пари волови, овни, јагниња и житни приноси за нив, и преливи за нив, и принеси ги на жртвеникот во домот на вашиот Бог во Ерусалим. 18А она што ти и браќата твои ќе најдете дека е добро да направите од останатото сребро и злато, според волјата на Вашиот Бог направете. 19#8,25-27Садовите, пак, што ти беа дадени за служби во домот на твојот Бог, постави ги пред Бог Ерусалимски. 20#6,4И сѐ друго што е потребно за домот на твојот Бог, ова за што го сметаш дека е неопходно, давај од домот на царските ризници. 21А јас, царот Артаксеркс, давам заповед до сите ризничари, што се од онаа страна на Реката – сѐ што ќе посака од вас Ездра, свештеник и учител по законот на Бога небесен, без двоумење, давајте: 22#6,10сребро до сто кикари, жито до сто кора, вино до сто бата и пак до сто бата масло, а сол – без да се определува количеството. 23Сѐ, што е заповедано од Бога небесен треба да се врши грижливо за Неговиот дом, и гледајте, некој да не протегне рака врз домот на Бога небесен за да не падне гневот Негов врз царството, царот и синовите негови. 24Го кажавме да знаете дека на никого од свештениците и левитите, пејачите, чуварите на вратите, слугите на храмот и оние што служат при тој дом Божји нема да им се наложува данок, ни десеток, ни царина. 25#2 Мојс 18,13-26; 3 Мојс 10,11А ти, Ездра, според мудроста на твојот Бог, која е во раката твоја, постави управители и судии за да го судат сиот народ од онаа страна на Реката, – сите што ги знаат законите на твојот Бог, а кои не знаат, научи ги. 26#6,11И кој не го исполнува законот на твојот Бог и законот царски, тој без одлагање да се осуди, било на смрт, било со прогонство, било со парична глоба, или со затвор во темница.“
Ездра Му благодари на Бога
27Нека е благословен Господ, Бог на нашите предци, Кој влеа во срцето на царот таква мисла да го прослави домот Господов што е во Ерусалим, 28#2 Цар 25,28и Кој ја управи кон мене милоста на царот, на советниците негови и на сите силни кнезови царски! И јас се охрабрив, бидејќи раката на Господ, мојот Бог, беше над мене, и ги собрав кнезовите израелски, за да одат со мене.
Селектирано:
Ездра 7: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006