Езекиел 8
8
Второ видение на Езекиел. Идолопоклонството во Ерусалим
1 #
1,3
Во шестата година, во шестиот месец, на петтиот ден од месецот, седев дома, и старешините јудејски седеа пред Мене, и се спушти таму врз мене раката од Господ Бог. 2#1,26-28И погледнав; а тоа подобие на маж слично на оган, и од крстот надолу оган, а од крстот негов угоре – некаква светлина слична на светлина од пламен. 3#3,12; 5 Мојс 32,21И како да ја протегна раката своја и ме фати за косата на главата моја, и духот ме подигна меѓу земјата и небото и ме поведе во Божји виденија во Ерусалим, при влезот на внатрешната врата, свртена кон север каде што беше поставен идолот на љубомората, кој побудува љубомора. 4#1,28И, ете, таму беше славата на Бог Израелов, слична на онаа каква што видов во полето. 5И ми рече: „Сине човечки, подигни ги очите свои кон север!“ Ги подигнав очите свои кон север, а од северната страна кај вратата на жртвеникот, пред влезот нејзин беше идолот на љубомората. 6#10,18; 11,23И ми рече Тој: „Сине човечки, гледаш ли што прават; ги гледаш ли големите гадотии, што се вршат тука во домот Израелов, за да се оддалечат од Моето светилиште? Но сврти се, и ќе видиш уште поголеми одвратности.“ 7И ме доведе кај влезот во дворот, па погледав, а таму дупка во ѕидот. 8И ми рече: „Сине човечки, копни во ѕидот.“ Јас копнав во ѕидот и ете таму видов некаква врата. 9И пак ми рече: „Влези и види одвратни гадотии што се вршат таму.“ 10Влегов и гледам, а тоа секакви слики на животни што се влечат, и нечисти животни, и секакви идоли, во домот Израелов, насликани по ѕидовите наоколу. 11И седумдесетмина мажи од старешините на домот Израелов стојат пред нив, а Јаазанјаху, синот Сафанов, помеѓу нив; и кај секого од нив во раката – кадилница, и густ облак од кадиво се издигаше угоре. 12#Ис 29,15; Пс 10,11; Јов 22,13И ми рече: „Гледаш ли, сине човечки, што прават во темнина старешините на домот Израелов, секој во својата изнашарена соба, зашто велат: ‚Не нѐ гледа Господ, Господ ја остави оваа земја.‘“ 13И пак ми рече: „Сврти се и ќе видиш уште поголеми гадотии, што ги прават тие.“ 14И ме доведе до влезот на вратата од домот Господов, кој е кон север, и ете, таму седат жени, што го оплакуваа Тамуз, 15и ми рече: „Гледаш ли, сине човечки, сврти се и ќе видиш уште поголеми гадотии.“ 16#2 Цар 21,5; 23,5.11Па ме воведе во внатрешниот двор на домот Господов, а таму пред вратата на храмот Господов, меѓу тремот и жртвеникот, до дваесет и пет мажи стојат со грбот кон храмот Господов, а со лицето кон исток и се поклонуваат на сонцето кон исток. 17И ми рече: „Гледаш ли, сине човечки. Малку ли е тоа за домот Јудин, да вршат такви гадотии, какви што се вршат овде? Но тие и земјата ја наполнија со бесчестие, и двојно Ме разгневуваат, и, ете, тие принесуваат гранки под носевите свои. 18#5,11; Ер 11,11Затоа и Јас ќе почнам да дејствувам со јароста; окото Мое нема да зажали и нема да се смилува; па макар тие да викаат со силен глас на ушите Мои – нема да ги чујам.“
Селектирано:
Езекиел 8: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006