Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 7

7
Страшна осуда Божја над Израел
1И дојде слово Господово до мене: 2„Ти, сине човечки, кажи – така вели Господ Бог – свршеток на земјата израелска; дојде свршетокот на сите четири краишта земни. 3Ете, дојде свршетокот за тебе; и ќе го пратам врз тебе гневот Свој, и ќе ти судам според патиштата твои, и ќе ги натоварам врз тебе сите гадотии. 4#5,11; Ер 13,14И окото Мое нема да те зажали и нема да се смилувам, но ќе ти платам според твоите патишта, гадотиите твои во тебе ќе останат и ќе разберете дека Јас сум Господ. 5Така вели Господ Бог: несреќа врз несреќа ќе те снајде! 6Свршетокот дојде, дојде свршетокот, се крена против тебе: ете дојде! 7Дојде напаста до тебе, жителу на овој крај, иде време, се приближува денот на смутот, а не на весели повици по планините. 8Ете, наскоро ќе ја излеам врз тебе јароста Своја и ќе го истурам гневот Свој врз тебе, ќе ти судам според твоите патишта и ќе ги натоварам врз тебе сите твои гадотии. 9И окото Мое нема да те пожали, и нема да се смилува. Според твоите патишта ќе ти платам, и твоите гадотии ќе останат во тебе; и ќе разберете дека Јас сум Господ, Кој казнува. 10Ете го денот, еве дојде, настапи напаста, процути стапот, гордоста пупи. 11#Ер 16,5-6Силата станува против жезолот на беззаконието: ништо нема да остане од нив, – ни од богатството нивно, ниту од шумата нивна, ниту, пак, од раскошот нивни. 12Дојде времето, настапува денот: купувачу, не радувај се, продавачу не плачи, зашто гневот е врз нив сите. 13Зашто, кој продал, нема да се врати кај продаденото, макар да останал жив; бидејќи пророчкото видение за целото нивно множество нема да се измени, и никој со беззаконието свое нема да го зацврсти животот свој. 14Трубат со трубата и сѐ се готви, но никој не оди во војна; зашто Мојот гнев е врз сето нивно множество.
Казна за гревовите на Израел
15 # 5 Мојс 32,25 Надвор од куќата – меч, а во куќата – помор и глад. Кој се наоѓа во полето, од меч ќе умре, а кој е во градот, него гладот и поморот ќе го проголта. 16#Ис 38,14; 59,11А преживеаните од тоа ќе избегаат и ќе бидат во планините како гулаби од долина; сите тие ќе стенкаат, секој заради своето беззаконие. 17#21,12На сите рацете ќе им опаднат, и на сите колената ќе им затреперат. 18Тогаш ќе се опашат во вреќишта и трепет ќе ги опфати; и лицето на сите ќе ги покрие срам и на главите – нивни ќе има ќелавост. 19#Соф 1,18Среброто ќе си го исфрлаат по улици и златото нема да го почитуваат. Среброто нивно и златото нивно нема да биде во сила да ги спаси во денот на Господовата јарост. Тие нема да ги наситат со нив душите свои, и нема да ги наполнат утробите свои, бидејќи тоа беше причина за нивниот грев. 20#16,17; Ос 2,10И со убавиот накит свој тие се гордееја и правеа уметнички творби за гадотиите свои со идоли; затоа ќе го направам нечисто за нив. 21И ќе го дадам како плен во рацете на туѓинци и на грешници земни, за да го разграбаат, и тие ќе го осквернат. 22И ќе го одвратам од нив лицето Свое и ќе го осквернат Моето свети­лиште; и ќе влезат таму грабители и ќе го осквернат. 23Приготвив вериги, зашто таа земја е полна со крвави злодејства, и градот е полн со насилие. 24Јас ќе доведам најлоши народи и тие ќе ги завладеат домовите нивни. И ќе ставам крај на гордоста кај силните, и ќе бидат осквернети и светињите нивни. 25Иде погибелта; ќе бараат мир и нема да го најдат. 26#Ис 29,14; Мих 3,6; Плач 2,9Беда ќе следува по беда и една лоша вест по друга; и ќе бараат од пророкот видение и нема да има поуки кај свеш­тениците и совет кај старците. 27Царот ќе тажи, и кнезот ќе го обзе­ме ужас, и рацете на народот во земјата ќе треперат. Ќе постапам со нив според нивните патишта, според нивниот суд ќе ги судам; и ќе разберат дека Јас сум Господ.“

Селектирано:

Езекиел 7: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се