Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 36

36
1 # 25,8; 28,3 И започнаа да работат Веселеил и Охолијав и сите способни луѓе, на кои Господ им беше дал мудрост и знаење да разбираат и да работат се­какви работи, потребни за светилиш­тето, сѐ како што беше заповедал Господ. 2#25,2; 31,2.6И ги повика Мојсеј Веселеил и Охолијав и сите мудри луѓе, на кои Бог им дал разум во срцето, и сите, кои од срце сакаа да се зафатат за дела што треба да се свршат. 3#35,29И тие ги зедоа од Мојсеј сите дарови што ги беа принеле синовите израелски за потребите на светилиштето за да се работи. А тие ги примаа уште и принесуваните дарови од оние што носеа секое утро. 4#1 Лет 29,14-18Тогаш дојдоа сите вешти луѓе, што вршеа работи за светилиштето, секој според својата работа, кој каква што работел, 5#2 Лет 24,14; 2 Кор 8,2-3па му рекоа на Мојсеј: „Народот при­несува повеќе отколку што е по­требно за да се направи, она што заповеда Господ.“ 6И Мојсеј разгласи во таборот, ве­лејќи: „Ни маж ни жена да не принесува ништо повеќе како дар за свети­лиштето.“ И народот престана да принесува, 7зашто имаше доста принесено за се­какви работи што требаше да се направат, дури и преостануваше.
Скинијата
8Тогаш сите вешти луѓе, кои се обврзаа да ја направат скинијата, при­готвија десет платништа од пресукан лен и од сина, пурпурна и црвена волна и на нив направија уметнички извезени херувими. 9Должината на секое платниште из­не­суваше дваесет и осум лакти, а ширината четири лакти; сите платништа беа со иста мерка. 10И Веселеил ги состави петте платништа едно со друго, и другите пет платништа ги состави едно со друго. 11И направи сини петлици по ра­бовите на едното платниште, каде што ќе се соединува со другото; такви направи тој и на работ од последното платниште, за да го соедини со другото. 12Педесет петлици направи на едното платниште, каде што се соединува со другото; петлиците беа една спрема друга. 13#36,18И направи педесет златни кукички и со кукичките состави едно платниште со друго. Така скинијата стана една целина. 14Потоа направи платништа од козина за покривање на скинијата; единаесет такви платништа направи: 15едно платниште беше долго триесет лакти, а широко четири лакти; една мер­ка беа сите единаесет платништа. 16Па ги состави петте платништа одделно, а шесте платништа одделно. 17И направи педесет петлици по работ од крајното платниште, каде што се соединува со другото, и педесет петлици направи по работ на другото платниште, за да се соединува со другото; 18#36,13а направи и педесет кукички од бакар, за да се состави покривот, та да стане целина. 19Потоа направи покрив за скинијата од овнешки кожи, црвени, а над неа друга – од сини кожи. 20И направи штици за скинијата од дрвото шитим, што ќе стојат испра­вени; 21секоја штица од по десет лакти долга, а лакот и половина широка; 22секоја штица имаше по два клина, еден спроти друг; така направи тој на секоја штица од скинијата. 23А вакви штици за скинијата направи дваесет за јужната страна: 24и направи четириесет подножја среб­рени за под дваесетте штици, по две подножја под секоја штица за двата клина нејзини, и по две подножја под другата штица за двата нејзини клина. 25И за другата страна на скинијата, спрема север, направи дваесет штици, 26и четириесет сребрени подножја: две подножја под едната штица и две подножја под другата штица. 27А за задната страна на скинијата, кон запад, направи шест диреци; 28направи уште две штици за аглите на скинијата од задната страна; 29тие беа составени одоздола и одозгора со една алка; така направи тој со обете страни на двата агла; 30и така имаше осум штици и шеснаесет подножја сребрени, по две подножја под секоја штица. 31Потоа направи напречници од дрвото шитим: пет за штиците од едната страна на скинијата, 32и пет напречници за штиците од другата страна на скинијата, и пет напречници за штиците од задната страна на скинијата. 33А направи и внатрешна напречница што ќе иде преку средината на штиците од едниот до другиот крај; 34диреците ги опкова со злато, а и алките, низ кои беа провлечени напреч­ниците, ги направи од злато, па и на­пречниците ги опкова со злато. 35#39,38; Мт 27,51; Лк 23,45; Евр 9,3Потоа направи завеса од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен и на неа направи херувими, уметнички извезени; 36за неа направи и четири столба од дрвото шитим, и ги опкова со злато; и златни кукички за столбовите и им излеа четири подножја од сребро. 37#27,16Направи потоа завеса за влезот во скинијата од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен, уметничка изработка, 38и пет столбови за неа со кукичките нивни; врвовите на столбовите и нивните прстени ги обложи со злато, и направи пет подножја од бакар.

Селектирано:

Излез 36: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се