Излез 35
35
Градење на скинијата
Саботата – ден за одмор
1 #
34,32
Потоа го собра Мојсеј целото општество на синовите израелски, и им рече: „Еве што заповеда Господ да правите: 2#20,8; 31,12-17; 34,21; 1 Мојс 2,3; 4 Мојс 15,32-36; 5 Мојс 5,13-14шест дена да се работи, а седмиот ден да ви биде одмор, зашто е света сабота, починка на Господ; секој што ќе работи во тој ден, со смрт да се казни; 3#16,23во саботен ден да не палите оган нигде во живеалиштата ваши.“
Израелците ги приложуваат своите приноси
4И уште му рече Мојсеј на целото општество на народот израелски: „Еве што заповеда Господ: 5соберете помеѓу вас принос на Господ, секој што од срце дава, нека донесе принос, доброволно нека принесе принос на Господ: злато, сребро и бакар, 6сина, пурпурна и црвена волна, лен и козина; 7и овнешки кожи, црвени, сини кожи и дрво шитим; 8#25,6масло за светилникот, и мириси за маслото за помазание и мирисното кадиво; 9и камења од оникс, и камења за украсување на ефодот и за наградникот. 10#31,6И сите, кои се меѓу вас мудри по разум, нека дојдат да направат сѐ што заповедал Господ: 11#26,1-37; 36,8-38Скинијата, платништата и покривот нејзин, кукичките нејзини и штиците, напречниците нејзини, столбовите нејзини и подножјата нејзини; 12#25,10-22; 26,33; 37,1-9и ковчегот на заветот, со своите лостови, и чистилиштето, и завесата за преграда. 13#25,23-30; 37,10-16Трпезата и лостовите нејзини, и сиот прибор нејзин и лебовите за принос; 14#25,31светилникот за осветление со приборот негов и кадилата негови, и маслото за осветление; 15#26,36; 30,1-6.25.34-38; 37,25-28и кадилниот жртвеник, и лостовите негови, и маслото за помазание, и миризбите за кадење, и завесата на вратата од скинијата; 16#27,1-8; 30,18; 38,1-7жртвеникот за сепаленици, и неговите бакарни решетки, лостовите негови и сиот негов прибор, и мијалникот и подножјето негово. 17#27,9; 38,9-20Завесите за дворот, столбовите негови и подножјата нивни, и завесата од вратата на дворот; 18#27,19; 38,20коловите за скинијата, и коловите за дворот со јажињата нивни; 19#28,2одеждите службени за служба во светилиштето, и светите одежди на свештеникот Арон, и одеждите на синовите негови за свештеничка служба.“ 20Потоа целото општество на синовите израелски се повлече од Мојсеј. 21И доаѓаа сите кои срцето ги влечеше и душата ги поттикнуваше; доаѓаа, носејќи принос на Господ – приноси за уредување на скинијата, за сите нејзини потреби и за светите одежди; 22доаѓаа мажи и жени; сите, што срцето ги влечеше, и принесуваа веришки, обетки, прстени и гривни и секакви златни работи; секој, кој сакаше, принесуваше злато на Господ; 23#39,1и секој, кој имаше сина, пурпурна и црвена волна и лен, овнешки кожи, црвени, и сини кожи, ги принесуваа; 24и секој, кој донесуваше сребро или бакар, Му Го принесуваше како дар на Господ; и кој имаше дрво шитим, го принесуваше за секоја потреба. 25#28,3А секоја жена, мудра и вешта, предеше со своите раце и принесуваше сѐ што ќе испреде – преѓа сина, пурпурна и црвена и лен; 26секоја пак, жена, која сакаше, а и можеше да преде, предеше козина. 27#25,2; 1 Лет 29,6.8А старешините принесуваа камен оникс и камења за украсување на ефодот и на наградникот; 28#25,6; 29; 25,1-7; 36,3исто така и аромати, масло за осветление и масло за маслото за помазание и миризби за кадење! 29И така синовите израелски – сите мажи и сите жени, кои сакаа да принесат што и да е за делото, што заповеда Господ преку Мојсеј да се направи, принесоа доброволен дар на Господ.
Веселеил и Охолијав започнуваат со работа
30Тогаш им рече Мојсеј на синовите израелски: „Ете, Бог го повика по име Веселеил, син на Уриј, синот Оров, од племето Јудино.“ 31#2 Лет 2,6.13И го исполни со Божји Дух, со мудрост и со разум, со знаење и со секоја умешност; 32да изработува планови, и да прави работи од злато, сребро и бакар; 33да реже камења, да реже и обработува дрво, и да прави секакви уметнички работи; 34#31,6а вложи во неговото срце и во срцето на Охолијав, синот Ахисамахов, од племето Даново, и способност да можат да учат и други. 35Ги обдари со умешност да вршат секаква работа, на ковач, уметник и везач на сина, пурпурна и црвена и ленена ткаенина и ткајачи, кои прават секакви работи и изработуваат уметнички планови.
Селектирано:
Излез 35: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006