Излез 20
20
Десетте Божји заповеди
1 #
34,10-28; 5 Мојс 5,6-22; Ер 7,9; Ос 4,2; Мт; 19,16-22; Рим 13,9 Тогаш Бог ги кажа сите овие зборови, велејќи: 2#6,6; 16,12; 1 Мојс 15,7; 3 Мојс 19,2; 20,7; Ис 43,3; Ез 20,6.19„Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од земјата египетска, од домот на ропството. 3#20,23; 34,14; 5 Мојс 6,4.14; 13,14; 2 Цар 17,35; Ер 1,16; 7,6.9; 11,13; 19,4; 25,6; 35,15; Ос 13,4; Пс 44,20; 81,10Немој да имаш други богови освен Мене! 4#20,23; 32,8; 34,17; 3 Мојс 19,4; 26,1; 5 Мојс 4,15-19.23; 27,15; 1 Цар 14,9; 2 Цар 17,12; Ис 40,19; 42,8Не прави за себе идол, ниту некаква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; 5#23,24; 34,7.14; 3 Мојс 26,39; 4 Мојс 14,18; 5 Мојс 4,24; 7,9-10; Ис.Н. 24,19; 2 Цар 17,35; Ис 44,15.17.19; Ер 32,18немој да им се поклонуваш, ниту да им служиш, бидејќи Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата до третото и четвртото колено, ако тие Ме мразат; 6#34,7-10; 5 Мојс 7,9; Лк 1,50Кој покажува милост на илјадници поколенија, што Ме сакаат и ги чуваат Моите заповеди. 7#3 Мојс 18,21; 19,12; 24,11.16; Ез 39,7; Јов 2,5.9Не изговарај го напразно името на Господ, твојот Бог, бидејќи Господ нема да го остави неказнет оној, кој напразно ќе го изговори Неговото име. 8#16,23-29; 31,13-16; 35,3; 3 Мојс 19,3.30; 26,2; Ис 56,2; Ер 17,21-27; Ез 22,8Помни го саботниот ден, за да го празнуваш. 9#23,12; 31,13-17; 34,21; 35,2; 3 Мојс 19,3; 23,3; Лк 13,14Шест дена работи, и врши ги во нив сите свои работи; 10#31,14; 1 Мојс 2,3; 5 Мојс 5,12-15; Ис 56,2; Ез 20,12.20; Лк 13,14а седмиот ден е сабота Господова, ден на твојот Бог; тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни слугата твој, ни слугинката твоја, ни добитокот твој, ниту придојдениот, кој се наоѓа кај тебе. 11#31,17; 1 Мојс 1,3–2,1.2; Евр 4,4Зашто за шест дена ги создаде Господ небото и земјата, морето и сѐ што е во нив; а во седмиот ден си отпочина: заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети. 12#3 Мојс 19,3; 5 Мојс 5,16; 6,2; 11,9; 25,15; Ер 35,7; Мт 15,4; 19,18; Мк 7,10; 10,19; Лк 18,20; Ефес 6,2-3Почитувај ги таткото свој и мајката своја, за да поживееш подолго на земјата, што ти ја дава Господ, твојот Бог. 13#1 Мојс 4,8.23; Мт 5,21; 19,18; Мк 10,19; Лк 18,20; Рим 13,9; Јк 2,11Не убивај! 14#3 Мојс 18,20; 20,10; 4 Мојс 5,12.13.29; Изреки 6,29.32; Мт 5,27; 19,18; Мк 10,19; Лк 18,20; Рим 13,9; Јк 2,11Не врши прељуба! 15#3 Мојс 19,11; Мт 19,18; Мк 10,19; Лк 18,20; Рим 13,9Не кради! 16#23,1.7; 3 Мојс 19,11; 5 Мојс 5,20; Мт 19,18; Мк 10,19; Лк 18,20Не сведочи лажно против својот ближен! 17#Мих 2,2; Лк 12,15; Рим 7,7; 13,9; Евр 13,5Не пожелувај го домот на ближниот свој, не пожелувај ја жената на ближниот свој, ни слугата негов, ни слугинката негова, ни волот негов, ни магарето негово, ниту нешто друго, што му припаѓа на ближниот твој!“ 18#19,16-19; 5 Мојс 4,36; Евр; 12,18-19И сиот народ ги гледаше молњите и пламенот, и гласот на трубата што трубеше и ја гледаше гората што се димеше; и откако го виде тоа, народот се уплаши и се оддалечи. 19#5 Мојс 5,23-31; 18,16; Пс 29,3-4; Јов 37,4.5; 40,9Па му рекоа на Мојсеј: „Зборувај ни ти, а ние ќе слушаме; но да не ни зборува нам Бог, за да не умреме.“ 20#1 Мојс 15,1; 22,1; 5 Мојс 4,10; 6,2.24; 8,2; 10,12; Ис 8,13; Пс 111,10; Јов 1,8; 2,3; Изреки 1,7; 3,7; Проп 12,13А Мојсеј му рече на народот: „Не плашете се: Бог дојде за да ве испита и стравот Негов да биде во вас, за да не грешите.“ 21#19,9; 5 Мојс 5,22; Пс 18,9; 97,2И народот стоеше подалеку, а Мојсеј појде кон мракот, каде што беше Бог.
Наредба во врска со жртвеникот
22И Господ му рече на Мојсеј: „Вака кажи им на синовите израелски: ‚Вие видовте како Јас зборував со вас од небото.‘ 23#20,3.4; 32,4.8.31; 34,17; Неем 9,18Не правете си сами сребрени богови, ниту златни богови не правете сами за себе. 24#27,1; 40,29; 1 Мојс 8,20; 22,2.17; 3 Мојс 1,1-15; 5 Мојс 12,5; 16,6; 27,5; Ис.Н. 8,30; 1 Цар 9,3; 2 Цар 16,14; 21,4.7; Ез 43,13; Езд 3,2; 2 Лет 4,1; 6,6; 12,13Направете ми жртвеник од земја и на него принесувајте ми жртви сепаленици и жртви спасителни; овци и јунци ваши, на секое место, каде што ќе определам да се спомнува името Мое, ќе дојдам кај тебе и ќе те благословам. 25#5 Мојс 27,5-6; Ис.Н. 8,31Ако ми направиш жртвеник од камен, немој да го ѕидаш со делкан камен; зашто, штом ќе повлечеш по него со сечиво, ќе го оскверниш. 26#Ез 43,17И да не се качуваш по скали до жртвеникот Мој, за да не се открие голотијата твоја.“
Селектирано:
Излез 20: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006