Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 19

19
Бог воспоставува завет со Израел
Бог му нуди сојуз на Израел
1 # 4 Мојс 1,1; 3,14; 33,15 Во првиот ден од третиот месец, откако излегоа синовите израелски од египетската земја, во ден на мла­да месечина, стигнаа во Синајската Пустина. 2#3,1; 17,1; 19,17; 4 Мојс 33,15; 5 Мојс 5,2-4Поаѓајќи од Рефидим, дојдоа во Си­нај­ската Пустина, и се улогори Израел таму спроти гората. 3#3,4И Мојсеј се искачи кај Бога, и му се јави Господ, велејќи: „Кажи му на домот Јаковов, и извести ги синовите на Израел: 4#5 Мојс 4,34; 29,2; 32,11; Ис.Н. 24,7; Ис 31,5; 40,31; 46,5; Откр 12,14‚Сами видовте што им направив на Египќаните и како ве изнесов на крилја орлови, ве прибрав кај Себе. 5#9,29; 15,26; 34,9; 1 Мојс 17,9; 5 Мојс 6,3; 10,14-15; Ер 7,23; 1 Кор 10,26Па сега, ако го слушате гласот Мој и го пазите заветот Мој, ќе Ми бидете избран народ меѓу сите народи, зашто Моја е целата земја. 6#5 Мојс 7,6; 26,19; 28,9; Ис 61,6; 62,12; 1 Птр 2,5.9; Откр 5,10И вие ќе Ми бидете царство на свеш­теници и свет народ.‘ Тоа се збо­ровите, што ќе им ги кажеш на си­новите израелски.“ 7#4,30; 3 Мојс 9,1; 1 Сам 8,10Потоа Мојсеј дојде и ги повика на­родните старешини; и им ги изложи сите овие зборови, што му ги заповеда Господ. 8#5 Мојс 5,27; Ис.Н. 24,16-24И сиот народ одговори еднодушно и рече: „Сѐ што рекол Господ ќе напра­виме.“ Тогаш Мојсеј Му ги соопшти на Господ зборовите на народот. 9#14,31; 19,16; 20,21; 24,15-16; 5 Мојс 4,11; Пс 99,7А Господ му рече на Мојсеј: „Еве, Јас ќе дојдам кај тебе во густ облак, за да чуе народот, како ќе зборувам со тебе, па да ти поверува засекогаш.“ Зашто Мојсеј Му ги беше соопштил на Господ зборовите народни.
Бог му се јавува на Мојсеј на планината Синај
10 # 19,14.22; 1 Мојс 35,2; Евр 10,22; Откр 22,14 И му рече Господ на Мојсеј: „Појди кај народот и освети го денес и утре; и нека ги исперат облеките свои; 11#19,16; 24,16; Неем 9,13и нека се приготват за третиот ден, зашто во третиот ден ќе слезе Господ на Синајската Гора пред сиот народ, 12#19,23; Евр 12,20а ќе поставиш граници за сиот на­род од сите страни и ќе им кажеш: ‚Пазете да не се качувате на планината и да не се допирате до подножјето неј­зино; секој, кој ќе се допре до планината, ќе загине. 13#34,3; 1 Лет 15,28; Евр 12,20Никаква рака да не се допре до него, туку со камења да биде убиен или со стрела да биде застрелан; добиток ќе е или човек, жив да не остане. А кога трубата ќе затруби отегнато, тогаш ќе можат да се качат на планината.‘“ 14И Мојсеј слезе од планината кај народот и го освети народот; и тие ги испраа облеките свои. 15#1 Сам 21,5-6И му рече на народот: „Бидете го­то­ви за третиот ден; и не приближувај­те се до жена!“ 16#1 Сам 2,10; 14,15; Ис 29,6; Пс 99,1; Евр 12,18-19.21А третиот ден, на осамнување, за­грме и молњи засветкаа, и настана густ облак над планината, и затруби труба со многу силен глас, така што затрепери сиот народ, кој беше во логорот. 17#19,2; 5 Мојс 4,11Тогаш Мојсеј го изведе народот од логорот, за да Го пресретне Бога; и застанаа во подножјето на планината. 18#20,18; 5 Мојс 4,11.33.36; 5,2-5.25-31; Суд 5,5; 2 Сам 22,8; Ис 64,1; Ер 4,24; Наум 1,5; Авак 3,6.10; Агеј 2,6; Пс 18,7; 68,9; 104,32; Евр 12,18; Откр 9,2А Синајската Планина целата беше во дим, зашто Господ беше слегол на неа во оган; и дим се креваше од неа, како дим од печка; и целата планина силно се тресеше; 19#19,9; 5 Мојс 4,33; Пс 81,7и гласот на трубата стануваше сѐ посилен. Мојсеј зборуваше, а Господ му одговараше гласно. 20И Господ слезе на планината Синај, на врвот од планината, и го повика Господ Мојсеј на врвот од планината. Мојсеј се искачи. 21#19,12; 24,10-11; 33,20; 4 Мојс 4,20Тогаш Бог му рече на Мојсеј: „Сле­зи и кажи му на народот да не навалува за да Го види Господа, та да не изгинат мнозина од нив; 22#3 Мојс 10,3; 2 Лет 29,5а свештениците, кои пристапуваат кон Господ, нека се осветат, за да не ги погуби Господ.“ 23#19,12Тогаш Мојсеј Му рече на Господ: „Не ќе може народот да се качи на Синајската Планина, бидејќи Ти изрич­но нѐ опомена, велејќи – омеѓи ја гората и освети ја.“ 24#24,1.9Но Господ му рече: „Оди, слези, па тогаш качете се ти и Арон со тебе; а свештениците, пак, и народот нека не навалуваат да се качат при Господ, за да не загинат.“ 25И слезе Мојсеј кај народот и му објасни.

Селектирано:

Излез 19: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се