Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 18

18
Мојсеј и неговиот тест Јотор
1 # 2,16.18; 3,1 А Јотор, свештеникот мидјан­ски, тестот Мојсеев, чу за сѐ што направи Бог за Мојсеј и за Израел, на­родот Свој, како го изведе Господ народот израелски од Египет. 2#2,21И ја зеде Јотор, тестот Мојсеев, Ци­пора, жената Мојсеева, која пред тоа се беше вратила, 3#2,22; 4,20; Дела 7,29и двата сина нејзини: на едниот името му беше Герешом, бидејќи Мојсеј велеше: „Доселеник сум во туѓа земја“, 4#1 Лет 23,15а на вториот името му беше Елиезер, бидејќи рече: „Бог на таткото мој ми се најде на помош и ме избави од мечот на фараонот.“ 5И Јотор, тестот Мојсеев, дојде со синовите негови и со жената негова кај Мојсеј во пустината, каде што тој се беше улогорил на планината Божја, 6па го извести Мојсеј, велејќи: „Ете, јас, тестот твој Јотор, доаѓам кај тебе, и жената твоја, и обата сина нејзини со неа.“ 7#1 Мојс 29,13И Мојсеј му излезе во пресрет на тестот свој и му се поклони, и го бакна; па откако се поздравија еден со друг, влегоа во шаторот. 8#4 Мојс 20,14И му раскажа Мојсеј на тестот свој за сѐ што направи Господ со фараонот и со Египќаните поради Израелците, и за сите тешкотии што ги снајдуваа патем, и како Господ ги избави. 9#1 Цар 8,66; Ис 63,7; Пс 145,7И се зарадува Јотор за сите добрини што му ги направи Господ на Израел, спасувајќи го од рацете на Египќаните. 10#1 Мојс 9,26; 24,27Тогаш Јотор рече: „Нека е бла­го­словен Господ, Кој ве избави од рацете египетски и од рацете фараонови и Кој го избави народот од власта на Егип­ќаните! 11#12,12; 1 Лет 16,25; Лк 1,51Сега знам дека Господ е поголем од сите богови, бидејќи го избави народот од египетското ропство, кога тие пос­тапуваа многу сурово со него.“ 12#10,25; 24,5.11; 1 Мојс 26,30; 31,54; 5 Мојс 12,7Потоа Јотор, тестот Мојсеев, Му принесе на Бога сепаленица и други жртви. Тогаш дојде и Арон, и сите ста­ре­шини израелски да јадат леб со тестот Мојсеев пред Бога.
Мојсеј назначува началници
13А утредента седна Мојсеј да му суди на народот; и сиот народ стоеше пред Мојсеј од утрото до вечерта. 14И тестот Мојсеев, гледајќи сѐ што тој прави со народот, рече: „Што пра­виш така со народот? Зошто само ти седиш, а сиот народ стои пред тебе од утро до вечер?“ 15#33,7; 1 Мојс 25,22А Мојсеј му одговори на тестот свој: „Народот доаѓа кај мене за да бара совет од Бога. 16#24,14; 5 Мојс 1,17Кога ќе им се случи некоја работа, тие доаѓаат при мене, и јас пресудувам помеѓу нив и им ги кажувам наредбите Божји и законот Негов.“ 17Но тестот Мојсеев му рече: „Не го правиш тоа добро. 18#4 Мојс 11,11.14.17; 5 Мојс 1,9.12Ќе се измориш и ти и сиот народ, кој е со тебе; бидејќи таа работа е многу тешка за тебе; ти сам не можеш да ја извршуваш. 19#4 Мојс 27,5Туку послушај ме сега и ќе те посоветувам, и Бог ќе биде со тебе; ти биди посредник пред Бога за народот, и работите нивни соопштувај Му ги на Бога: 20#5 Мојс 4,1.5; 5,1; Пс 119,12.26.68; 143,8Учи ги на наредбите Божји и на законот Негов, и покажувај им го патот Негов, по кој треба да одат и делата што треба да ги вршат. 21#23,8; 1 Мојс 47,6; 4 Мојс 1,16; 7,2; 10,4; 5 Мојс 1,9-18; 16,18-19; Ез 18,8; Пс 15,5; Езд 7,25; Дела 6,3А ти од сиот народ одбери способни луѓе, кои имаат страхопочит кон Бога; луѓе справедливи, кои мразат користољубие, па постави ги над нив како ил­јадници, стотници, педесетници, и десетари. 22#4 Мојс 11,17; 5 Мојс 1,9.17-18Тие нека му судат на народот во секое време и да те известуваат за секое потешко дело; а за сите мали работи тие самите нека пресудат. Така ќе ти биде полесно и тие тебе ќе ти помагаат. 23Ако го направиш тоа, и Бог ти го одобри тоа, тогаш ќе можеш да ис­траеш, и сиот тој народ ќе си оди мирно во своето место.“ 24И го послуша Мојсеј тестот свој, и направи сѐ, како што му рече. 25#4 Мојс 1,16; 11,16; 5 Мојс 1,13-15; 16,18И избра Мојсеј од сиот Израел спо­собни луѓе, па ги постави за началници пред народот: илјадници, стотници, пе­десетници и десетари. 26#5 Мојс 16,18; Езд 7,25; 2 Лет 19,5И тие му судеа на народот во секое време, а за тешките дела му кажуваа на Мојсеј; за сите мали работи, пак, судеа сами. 27#4 Мојс 10,30Потоа го пушти Мојсеј тестот свој, и тој си отиде во својата земја.

Селектирано:

Излез 18: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се