Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 17

17
Водата кај Маса и Мерива
1 # 16,1; 19,2; 4 Мојс 20,1-13; 33,12-15 И се крена целото општество на синовите израелски, од пустината Син, продолжувајќи го својот пат по заповед на Господ, и се задржаа во Рефидим; а таму немаше вода да пие народот. 2#14,12; 15,24; 4 Мојс 20,2; 5 Мојс 6,16; Пс 78,18; 106,14; 107,5; Мт 4,7; 1 Кор 10,9И народот го укори Мојсеј, велејќи: „Дај ни вода да пиеме!“ А Мојсеј им рече: „Зошто ме укорувате мене? Зош­то Го искушувате Господа?“ 3#14,11; 15,24И жеден беше за вода народот таму, па негодуваше против Мојсеј и велеше: „Зошто нѐ изведе од Египет и нас, и синовите наши, и добитокот наш, за да нѐ помориш со жед?“ 4#4 Мојс 14,10; 1 Сам 30,6А Мојсеј викна кон Господ и рече: „Што да правам со овој народ? Уште малку, па ќе ме каменуваат?“ 5#4,2Но Господ му рече на Мојсеј: „Излези пред народот, и поведи со себе некои од старешините народни, земи го во раката и стапот свој, со кој го раз­двои морето, па појди. 6#3,1; 4 Мојс 20,8.10-11; 5 Мојс 8,15; Ис 48,21; Пс 78,15-16; 105,41; 114,8; Неем 9,15; 1 Кор 10,4А Јас ќе стојам онаму кај карпата на Хорив пред доаѓањето твое; а ти тогаш удри во карпата, и од неа ќе потече вода и народот ќе пие.“ И направи Мојсеј така пред синовите на Израел. 7#20,24; 4 Мојс 20,13.24; 27,14; 5 Мојс 6,16; 9,22; 33,8; Пс 81,7; 95,8; 106,32И тоа место го нарече Маса и Ме­рива#17,7 Зборовите Маса и Ме­рива на еврејски значат проверка, искушение и кавга., поради кавгата помеѓу сино­вите израелски што Го искушуваа Господа, велејќи: „Дали е Господ меѓу нас, или не е?“
Амаликијците ги напаѓаат Израелците
8Но тогаш дојдоа Амаликијците во војна против Израелците во Рефидим. 9#4,17; 24,13А Мојсеј, пак, му рече на Исус: „Избери си мажи, па излези и бори се утре против Амаликијците; а јас ќе застанам на врвот од гората и стапот Божји ќе ми биде в рака.“ 10#24,14И направи Исус, како што му рече Мојсеј, и излезе против Амаликијците; а Мојсеј, Арон и Ор се искачија на вр­вот од планината. 11И кога Мојсеј ги креваше рацете свои – надвладуваа Израелците, а кога ги спушташе рацете – надвладуваа Амаликијците. 12#Ис.Н. 8,26Но рацете на Мојсеј му отежнаа; затоа зедоа камен и го ставија под него, па седна на него: а Арон и Ор му ги потпираа рацете: еден од една страна, а другиот – од другата. Така стоеја рацете Мојсееви кренати до зајдисонце. 13#1 Сам 15,8.32-33И го победи Исус Амалик и него­виот народ со сечилото на мечот. 14#24,4; 34,27; 5 Мојс 25,17-19; 1 Сам 15,3; 30,17-18; Ис 30,8; Пс 9,5; 34,17; 109,15; Јов 18,17; 1 Лет 4,43Потоа Господ му рече на Мојсеј: „Запиши го тоа за спомен во книгата, и објасни му на Исус да помни дека сосема ќе го избришам споменот за Амали­кијците од под небото.“ 15#1 Мојс 8,20Тогаш Мојсеј подигна жртвеник, и го нарече „Јахве Ниси“ – Господ ми е знаме! 16„Бидејќи, рече тој, рака се кренала на престолот Господов; Господ ќе војува против Амалик од поколение на по­коление.“

Селектирано:

Излез 17: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност