Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 11:1-7

Излез 11:1-7 MK2006

Пак му рече Господ на Мојсеј: „Уште едно зло ќе пратам над фараонот и над Египет, па тогаш ќе ве пушти оттука; и кога ќе ве пушти, просто ќе ве истера оттука. А сега кажи му на народот: секој човек нека побара од соседот свој и секоја жена од сосетката своја сребрени и златни предмети.“ И даде Господ народот да најде благонаклоност кај Египќаните; а и самиот Мојсеј беше многу голем човек во египетската земја, во очите на слугите фараонови и пред народот. И рече Мојсеј: „Вака вели Господ: ‚На полноќ ќе поминам низ Египет, и ќе умре секој првороден во земјата египетска, од првородениот син фара­онов, кој треба да седне на престолот негов, до првородениот син на слугинката, која се наоѓа во воденицата, и првородениот добиток. И ќе настане голем пискот по целата египетска земја, каков што досега немало, ниту некогаш ќе го има. А кај синовите на Израел нигде нема ни куче да залае со својот јазик, ниту против човек, ниту против животно, за да се види каква разлика прави Господ меѓу Израелците и Египќаните.‘