Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 5:10-19

Проповедник 5:10-19 MK2006

Се зголемува ли имотот – се зголемуваат и корисниците негови; и каква корист за сопственикот негов: зар само да гледа со очите свои? Сладок е сонот за оној, кој се труди, – па јадел тој малку или многу; но прејадувањето не му дава на богатиот да заспие. Има едно тешко зло, што сум го видел на земјата: богатство, што се чува за зло на оној, кој го поседува. А тоа богатство може да се изгуби во несреќно време: му се роди син и не остане ништо во рацете негови. Како што излегол гол од мајчина­та утроба, така и си заминува, каков што дошол; ништо нема да земе од трудот свој, што би можел в рака да понесе. И тоа е големо зло: каков што дошол, таков си заминува. Каква е, тогаш, ползата за него, кога се трудел залудо? А целиот живот бил мрачен од многу грижи, маки и страдања. Еве уште што најдов за добро и пријатно: да се јаде и да се пие и да се насладува од доброто на сите свои трудови, со кои некој се труди на земјата преку сите дни од животот свој, што му ги дал Бог; зашто тоа е негов дел. И, ако на некој човек Бог му дал богатство, и имот и му дал да се пол­зува од нив, да го зема својот дел и да се насладува од трудовите свои, – тоа е Божји дар. Нема долго време да ги помни тој дните на животот свој; затоа Бог и го наградува со радоста на срцето негово.