Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 30

30
Израел ќе Му се врати на Господ
1 # 11,26; 28,15 Кога ќе се збиднат врз тебе сите тие зборови – благословите и клетвите, што ти ги изложив, и ти ќе ги земеш при срце кај сите народи, меѓу кои ќе те расее Господ, твојот Бог, 2и од сето срце и од сета душа своја ќе се обратиш кон Господ, твојот Бог, и ќе го послушаш гласот Негов ти и синовите твои, како што ти заповедам денес, – 3#Амос 9,14тогаш Господ, твојот Бог, ќе ти ги врати сите твои изгнаници, ќе се смили над тебе, и пак ќе те собере од сите на­ро­ди, меѓу кои те расеал Господ, твојот Бог. 4#4,32; Мт; 24,31-32Макар и да бидеш растурен од крајот на небото па сѐ до крајот на небото и оттаму ќе те собере Господ, твојот Бог, и оттаму ќе те земе, 5и оттаму ќе те доведе Господ, твојот Бог, во земјата, што ја владееле твоите предци, и ќе ја наследиш, и ќе ти направи Господ добро и ќе те умножи повеќе од прадедовците твои; 6#6,5; 10,16; Рим 2,29и ќе го очисти Господ срцето твое и срцето на потомството твое, за да Го сакаш Господа, твојот Бог, од сѐ срце и со сета душа своја, за да живееш; 7тогаш, Господ, твојот Бог, ќе ги префрли сите овие клетви на непријателите твои и на оние, што те мразеа и што те гонеа; 8и ти ќе се обратиш и ќе го слушаш гласот на Господ, и ќе ги исполнуваш сите заповеди Негови, што ти ги за­по­ведам денес; 9#28,63и ќе те благослови Господ, твојот Бог со изобилство во секоја работа на рацете твои, во плодот на утробата тво­ја, во плодот на добитокот твој, во ро­дот на земјата твоја; зашто Господ, од­но­во ќе се сврти кон тебе и ќе ти се радува, правејќи ти добро, како што се радуваше на предците твои, 10само ако го слушаш гласот на Гос­под, твојот Бог, и ги извршуваш сите заповеди и наредби Негови, напишани во книгата на овој закон, и ако се свр­тиш кон Господ, твојот Бог, со сето ср­це свое и со сета душа своја.
Заповедта Божја не е далеку
11 # Мт 11,30; 1 Јн 5,3 Зашто оваа заповед, што денес ти ја давам, не е тешка за тебе, ниту е далеку од тебе. 12#Јн 3,13; Рим 10,6-8Таа не е на небото, за да може да се каже: „Кој од нас би се воздигнал на небото и би ни ја земал и донел да ја чуеме, та да ја исполниме?“; 13ниту е преку море, за да може да се каже: „Кој од нас би отишол преку море и би ни ја земал и дал да ја чуеме, та да ја исполниме?“ 14Но оваа заповед е многу блиску до тебе: таа е во устата твоја и во срцето твое, за да ја исполнуваш.
Да се избере животот
15 # 11,26-28 Ете, јас денес ти предложив живот и добро, смрт и зло. 16#6,5Ако ги слушаш заповедите на Гос­под, твојот Бог, што денес ти ги давам, – да Го сакаш Господа, твојот Бог, да одиш по сите патишта Негови и да ги извршуваш заповедите и законите Негови, – тогаш ќе живееш и ќе се намножиш, и Господ, твојот Бог, ќе те благослови во земјата, во која одиш, за да ја наследиш; 17ако, пак, се одврати срцето твое, и не послушаш, и се заблудиш, па почнеш да им се поклонуваш на други богови и да им служиш, 18тогаш, ви јавувам денес, дека ќе загинете и нема долго да останете на земјата, поради која ќе го минете Јор­дан, за да ја наследите. 19#4,26Сведоци ми се небото и земјата: живот и смрт ти предложив јас, благослов и проклетство. Избери го животот, за да живееш ти и потомството твое: 20#6,5да Го сакаш Господа, твојот Бог, да го слушаш гласот Негов и да се при­врзеш кон Него, зашто во тоа е твојот живот и долговечност; така ти ќе живееш на земјата, за која Господ им се беше заколнал на предците твои – Ав­раам, Исак и Јаков – дека ќе им ја даде.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се