Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 29

29
Сѐ што Господ направи за Израел
1Тогаш Мојсеј ги повика сите синови израелски и им кажа: „Вие видовте сѐ, што направи Господ пред очите ваши во египетската земја со фараонот и со сите негови слуги и со целата негова земја; 2#4,34имаше искушенија големи, што ги видоа очите твои, и големи знаменија и чуда, 3#Рим 11,8но и до ден денес Господ не ви даде срце за да разберете, очи да видите и уши да чуете. 4#8,4Четириесет години ве водев по пустината, и облеката не изветве на вас, и обувките не се искинаа на нозете ва­ши; 5леб не јадевте, вино и друг алкохолен пијалак не пиевте, за да познаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог. 6#2,24–3,7И кога дојдовте до ова место, излезе во борба против вас хешбонскиот цар Сихон и башанскиот цар Ог, но ние ги поразивме 7и им ја зедовме земјата нивна и им ја дадовме во дел на Рувимовото и Гадо­вото колено, и на половината од Мана­сиевото племе. 8#Ис.Н. 1,7Пазете ги зборовите на овој завет и исполнувајте ги, за да имате успех во сѐ, што правите.
Значењето на заветот со Господ
9Сите вие стоите денес пред Господ, вашиот Бог: началниците на племињата ваши, старешините ваши, надзорниците ваши, сите Израелци, 10децата ваши, жените ваши и дојденците, кои се во вашата населба, од дрварот ваш до водоносецот ваш, 11за да влезете во завет со Господ, вашиот Бог, и во клетвен договор со Него, каков што Господ, твојот Бог, денес склучува со тебе, 12#28,9за да те направи денес Свој народ, и да ти биде Бог, како што им се заколна на предците твои Авраам, Исак и Јаков. 13Не само со вас единствено го заветувам овој завет и овој клетвен договор, 14туку, како со оние што денес се со нас, така и со оние што денес не стојат овде со нас пред Господ, нашиот Бог. 15Зашто вие знаете, како живеевме во египетската земја и како одевме сред народите, низ кои минавте, 16#4,28и ги видовте одвратностите нивни и идолите нивни, дрвени и камени, среб­рени и златни, што се кај нив. 17#Дела 8,23; Евр 12,15Да нема меѓу вас маж или жена, род или племе, чие срце би се отстранило од Господ, вашиот Бог, та да оди да им служи на боговите на оние народи; да нема меѓу вас корен, што ќе дава пелин и отров; 18и ако некој, кој, откако ќе ги чуе зборовите на оваа клетва, се пофали во срцето свое и каже: ‚добро ќе ми биде, иако одам по желбите на срцето свое‘, и ако завлече со себе и други во идоло­поклонство, 19#9,14на таков Господ нема да му прости, но гневот и ревноста на Господ ќе се разгорат веднаш против тој човек, а врз него ќе падне целата клетва од овој завет, напишана во оваа книга, и Господ ќе го избрише името негово под небото; 20и ќе го оддели Господ од сите пле­миња израелски за погубување, според сите клетви на заветот, напишани во оваа книга на законот.
Господ ќе ги изврши Своите закани
21Тогаш подоцнежното поколение, децата ваши што ќе настанат по вас, и туѓинецот, што ќе дојде од далечна зем­ја, откако ќе ги видат поразиите на таа земја и болестите што Господ ги ис­пратил врз неа, ќе речат: 22#1 Мојс 19,25; Ос 11,8сулфур, сол и пожариште е целата земја; на неа не може да се сее, ниту ќе роди, ниту ќе никне на неа некаква трева, како што стана во Содом, Го­мора, Адма и Цевоим, кои Господ ги уништи во гневот Свој и јароста Своја. 23Тогаш ќе кажат сите народи: ‚Зош­то Господ постапил така со таа земја? Колку е голема јароста на гневот Негов!‘ 24И ќе одговорат: ‚Затоа што го ос­тавија заветот на Господ, Бог на предците свои, што го воспостави со нив, кога ги изведе од египетската земја, 25#28,64и отидоа да им служат на други богови и да им се поклонуваат ним, кои тие не ги знаеја, и кои Тој не им ги беше определил. 26Поради тоа се разгори гневот на Господ врз таа земја, и Тој ги испрати врз неа сите клетви, напишани во оваа книга; 27и ги сотре Господ од земјата нивна во гнев, јарост и голема лутина, и ги исфрли на друга земја, како што денес гледаме.‘ 28Она што е тајно, Му припаѓа на Господ, нашиот Бог, а она што е јавно – нам и на синовите наши довека, за да ги извршуваме сите зборови на овој закон.“

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се