Повторени закони 13
13
1 #
4,2
Погрижи се да исполнуваш сѐ што ти заповедам денес; не додавај кон тоа и не одземај од него.
Против идолопоклонството
2 #
17,2-7; Ер 23,11-14; Мт 24,24; Откр 13,14; 16,13-14 Ако се појави меѓу вас пророк, или човек што има сновиденија, и ти покаже знамение или чудо, 3и ако се оствари тоа знамение или чудо, за кое тој ти говорел, па потоа ти рече: „Да одиме да служиме на други богови, кои ти не ги познаваш,“ 4#6,5; 1 Кор 11,19ти не го слушај гласот на таков пророк, или на таков човек што има сновиденија; бидејќи преку тоа Господ, вашиот Бог, ве искушува, за да дознае, дали Го сакате Господа, вашиот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа. 5Господа, вашиот Бог, следете Го, и плашете се од Него; извршувајте ги Неговите заповеди и слушајте го гласот Негов, и Нему служете Му и бидете приврзани кон Него. 6#7,19; 17,7; 19,13; 1 Кор 5,13А оној пророк, или оној човек што има сновиденија да биде осуден на смрт, поради тоа што те убедувал да се откажеш од Господ, твојот Бог, Кој те изведе од египетската земја и те избави од домот на ропството; зашто сакал да те одврати од патот, по кој Господ, твојот Бог, ти беше заповедал да одиш; така истребете го злото од вашата средина. 7Ако тајно те наговорува братот твој, син на твојата мајка, или твојот син, или ќерката твоја, или саканата жена твоја, или пријателот твој, кој е за тебе како душата твоја, па ти рече: „Да одиме и да им служиме на другите богови“, што не ги познаваше ти и твоите предци, 8#6,14на боговите на оние народи, што се околу тебе, од едниот крај на земјата до другиот, – 9#7,16не се согласувај со него и не слушај го; и да не ти се смили окото твое над него, не жали го и не сокривај го, 10туку убиј го; прво твојата рака нека биде врз него, за да го убие, – а потоа рацете на целиот народ; 11#17,5; 21,21; 22,21убиј го со камења, да умре; бидејќи тој сакал да те отстрани од Господ, твојот Бог, Кој те изведе од египетската земја, од домот на ропството. 12Целиот Израел ќе го чуе тоа и ќе се исплаши, и нема во иднина да прави среде вас такво зло. 13Ако чуеш за некој од твоите градови, што Господ, твојот Бог, ти ги дава за да се населиш во нив, 14дека во него се појавиле нечесни луѓе од твојата средина, кои ги соблазниле жителите на тој град, велејќи: „Ајде да им служиме на други богови, кои вие не ги познававте“, – 15ти испитај и дознај добро: и ако е тоа чиста вистина дека е направена таква одвратност меѓу вас, 16#2,34; Ис.Н. 6,17погуби ги жителите на тој град со сечилото на мечот, проколни го него и сѐ што е во него; и добитокот негов со меч погуби го, 17а сите добра од него собери ги среде плоштадот негов и изгори ги заедно со градот како сепаленица пред Господ, твојот Бог; и да биде тој вечно пуст – никогаш да не се обнови. 18#4,31И до ништо од проколнатото да не се допре раката твоја, за да го скрати Господ гневот на Својата јарост, па да ти даде милост и да ти прости, и да те намножи, како што се колнеше на твоите предци, 19ако го слушаш гласот на Господ, твојот Бог, извршувајќи ги сите Негови заповеди, што сега ти ги кажувам, и правејќи добро пред очите на Господ, твојот Бог.
Селектирано:
Повторени закони 13: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006