Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 12

12
Законите Господови
1Ова се наредбите и законите, што сте должни грижливо да ги исполнувате во земјата, која Господ, Бог на предците ваши, ви ја дава во наследство, за сите денови, во кои ќе живеете во неа.
Само едно место за богослужба
2 # 2 Цар 16,4; Ер 2,20; Ез 6,13 Разрушете ги сите места, каде што народите, кои ќе ги покорите, им служеле на боговите свои: по високите планини и височини и под секое разгрането дрво; 3#7,5; 2 Мојс 34,13разурнете ги жртвениците нивни и скршете ги столбовите нивни, изгорете ги со оган Ашерите нивни и здробете ги идолите на боговите нивни; сотрете го и името нивно од тоа место. 4#12,31Да не Му правите такво нешто на Господ, вашиот Бог; 5#Јн 4,20но обраќајте се кон она место, кое Господ, Бог ваш, ќе го избере во пределите на племињата ваши, за пребивалиште на името Негово; и таму одете: 6таму принесувајте ги своите сепаленици, жртвите ваши и десетините ваши, вознесените дарови на вашите раце, заветите ваши, доброволните приноси ваши, и првородените од крупниот и од ситниот ваш добиток: 7#26,11и таму јадете пред Господ, вашиот Бог, и веселете се – вие и семејствата ваши за секоја добивка, со која те благословил Господ, твојот Бог. 8#Суд 17,6; 21,25Таму не треба да правите сѐ онака, како што сега овде го правиме, – секој, како што му се чини дека е добро; 9зашто сега уште не сте влегле во местото на спокојот и во наследството, што Господ, вашиот Бог, ви го дава. 10Но кога ќе го преминете Јордан и ќе се населите во земјата, која Господ, вашиот Бог, ви ја дава во наследство, и кога ќе ве успокои од сите непријатели ваши, што ве опкружуваат, и заживеете безбедно, 11#33,8-11тогаш, во она место, што ќе го одбере Господ, вашиот Бог, за пребивалиште на името Негово, таму принесувајте сѐ, што ви заповедам: сепалениците ваши, жртвите ваши, десетините ваши, и вознесените дарови од ра­цете ваши, и секој ваш избран дар, што ќе Му го ветите на Господ. 12И веселете се пред Господ, вашиот Бог, вие и синовите ваши, и ќерките ваши, и робовите ваши, и робинките ваши и левитите, кои се во градовите ваши, бидејќи тие немаат дел и наследство со вас. 13Гледај да не ги принесуваш сепалениците свои на секое место, што ќе го видиш, 14туку само на она место принесувај ги сепалениците свои, кое Господ, ќе го одбере во едно од твоите племиња, и прави сѐ онака како што ти заповедам. 15Зашто, кога и да посака душата твоја, можеш да колеш и да јадеш, по благослов од Господ, твојот Бог, месо, што ти го дал Тој, во сите твои живеалишта; нечист и чист може да го јаде тоа како што се јаде срна и елен; 16#12,23; 3 Мојс 3,17само крв не јадете; истурајте ја на земјата како вода. 17Не треба да го јадеш во твоето живеалиште десетокот од твоето жито, твоето вино и твоето масло, и првородените од крупниот и ситниот добиток, и од доброволните приноси и од вознесените дарови на рацете ваши, 18но јади го пред Господ, твојот Бог, на она место што го одбрал Господ, твојот Бог: ти и синот твој, и ќерката твоја, и робот твој, и робинката твоја, и левитот, кој е во градовите твои; и развесели се пред Господ, твојот Бог, за секоја твоја придобивка. 19Внимавај да не го заборавиш левитот за сето време додека си жив на земјата. 20Кога ќе ги рашири Господ, твојот Бог, пределите твои, како што ти беше ветил, и ти ќе кажеш: „Да јадам месо“, зашто душата твоја ќе посака да јаде месо, – тогаш јади месо, колку што ти сака душата твоја. 21Ако биде далеку од тебе местото, што ќе го избере Господ, твојот Бог, за пребивалиште на името Негово, тогаш коли од крупниот и од ситниот твој добиток, што ти го дал Господ, како што ти заповедав, и јади во градовите твои, колку што ти сака душата; 22но јади ги така, како што се јаде срна и елен; нечист, како и чист можат да го јадат тоа. 23Само пази добро, да не се јаде крвта, зашто крвта е душа: не јади ја душата заедно со месото; 24не јади ја: истурај ја на земјата како вода; 25#4,40; 6,18не јади ја! Така ќе ти биде добро тебе и на синовите твои по тебе, зашто го правиш тоа што е угодно пред очите на Господ. 26Само светите дарови твои, какви што ќе ги имаш и заветите твои донесувај ги, и доаѓај на она место, што ќе го одбере Господ. 27#3 Мојс 1,5; 17,11И принесувај ги сепалениците твои: месо и крв, врз жртвеникот на Господ, твојот Бог; крвта, пак, од твоите жртви треба да биде изливана при жртвеникот на Господ, твојот Бог, а месото јади го. 28Пази и внимавај да ги извршуваш сите тие наредби, што ти ги заповедам, за да ти биде добро на тебе и на твоите синови по тебе довека, ако правиш добро и угодно пред Господ, твојот Бог.
Против боговите ханански
29Кога Господ, твојот Бог, ќе ги истреби од пред тебе народите, кај кои одиш за да ја наследиш нивната земја, и, откако ја примиш во наследство и се населиш во неа, 30#7,25; 2 Цар 17,25-28внимавај да не влезеш во стапица, подражавајќи им на нив, откако ќе бидат истребени пред тебе, и да не ги бараш боговите нивни, велејќи: „Како што служеле тие народи на боговите свои, така ќе правам и јас.“ 31#3 Мојс 18,21-30Да не Му правиш така на Господ, твојот Бог; одвратно Му е тоа на Господ што го прават тие на боговите свои, бидејќи тие и синовите свои, и ќерките свои ги горат на оган за своите богови.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се