Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 1

1
ПРВ ГОВОР НА МОЈСЕЈ
1 # 4,45-49; 5,1 Ова се зборовите што им ги кажа Мојсеј на сите Израелци, уште кога беа источно од Јордан, во пустинската рамнина спрема Суф, меѓу Фаран и Тофел, Лаван, Хацерот и Ди-Захав; 2а од Хорив, преку планината Сеир, до Кадис-Барнеа има единаесет дена пат. 3На четириесеттата година, на единаесеттиот месец, во првиот ден од ме­сецот, им кажа Мојсеј на синовите из­раелски сѐ, што му беше заповедал Гос­под за нив. 4#4 Мојс 21,21-35Откако го порази аморејскиот цар Сихон, кој живееше во Есевон, и ба­шанскиот цар Ог во Едреи, кој живее­ше во Аштарот, 5од онаа страна на Јордан, во земјата моавска, Мојсеј почна да го објаснува тој закон и рече:
Бог му заповеда на Израел да тргне
6Господ, Бог наш, ни говореше на Хорив и рече: „Доста живеевте во таа планина; 7свртете се и кренете, па одете во планинските предели на Аморејците и кај сите нивни соседи, во рамнината, по планините и по долините, и во јужните краишта и во приморската земја хананска, и во Ливан, дури до големата река, реката Еуфрат! 8#1 Мојс 12,7; 28,13Ете, ви ја давам таа земја, одете, земете ја земјата во наследство, која Господ со клетва им вети дека ќе им ја даде на предците ваши – на Авраам, Исак и Јаков, ним и на потомството нивно.“
Мојсеј поставува судии
9 # 4 Мојс 11,11-17 И јас ви реков во она време: „Не можам сам да ве водам; 10#10,22; 1 Мојс 15,5; 22,17Господ, вашиот Бог, ве умножи, и еве, вие сте сега многубројни како ѕвез­дите небески: 11Господ, Бог на предците ваши, нека даде да се намножите и илјадапати повеќе, отколку што сте сега и нека ве благослови, како што ви говореше! 12Како ќе ги носам сам страдањата ваши, тежините ваши и расправиите ваши? 13#16,18-20Изберете си од вашите племиња луѓе мудри, разумни и искусни, а јас ќе ви ги поставам за началници.“ 14Вие ми одговоривте тогаш и ре­ковте: „Тоа што го велиш е добро да го направиме.“ 15И ги зедов првенците на вашите племиња, мажи мудри и искусни, и ги поставив за началници над вас: илјада­началници, стоначалници, педесетна­чал­ници, десетначалници и за записничари во племињата ваши. 16#Јн 7,51И им заповедав на судиите ваши во тоа време, и им реков: „Ислушувајте ги браќата свои и судете справедливо како брат спрема брат, а така постапувајте и со придојдениот кај него. 17#10,17; 3 Мојс 19,15; Изреки 24,23-25Во судот не правете разлика меѓу луѓето, ислушувајте го и малиот, и го­лемиот: не плашете се од никого, би­дејќи судот е Божји; а ако имате дело, кое е тешко за вас, обратете се до мене, и јас ќе пресудам.“ 18И во тоа време ви заповедав за сѐ што треба да правите.
Непослушноста на Израел на влезот од ветената земја
19И откако тргнавме од Хорив, одев­ме по целата таа голема и страшна пустина, што ја видовте, по патот кон Аморејската планина, како што беше заповедал Господ, нашиот Бог; и стигнавме во Кадис-Барнеа. 20Тогаш јас ви реков: „Вие стигнавте на Аморејската планина, која Господ, Бог наш, ви ја дава; 21#Ис.Н. 1,6-9ете, Господ, Бог ваш, ви ја предаде оваа земја; одете и земете ја во владение, како што им рече Господ, Бог на вашите предци: не бојте се и не пла­шете се!“ 22Но вие сите дојдовте при мене и рековте: „Да испратиме пред нас луѓе, да ја разгледаат земјата и да ни донесат известување за патот по кој ќе одиме, и за градовите, во кои ќе влеземе.“ 23Ми се свидоа тие зборови, а јас зе­дов од вас дванаесет души, по еден човек од секое племе. 24Тие тргнаа, се качија на планината, дојдоа до долината Ешкол, и ја разгледаа; 25па зедоа во рацете свои плодови од земјата, ни донесоа, и нѐ известија, ве­лејќи: „Добра е земјата, што Господ, Бог наш, ни ја дава.“ 26Но вие не сакавте да одите и се оглушивте од заповедта на Господ, вашиот Бог, 27и негодувавте во шаторите свои, велејќи: „Господ, од омраза спрема нас, нѐ изведе од земјата египетска, за да нѐ предаде во рацете на Аморејците и да нѐ истреби; 28каде ќе одиме? Нашите браќа нѐ обесхрабрија, велејќи: оној народ е поголем и посилен од нас; таму гра­довите се поголеми и оградени со ѕи­дови до небеса, па и луѓе исполини видовме таму.“ 29Тогаш јас ви реков: „Не ужасувајте се и не плашете се од нив; 30#7,19Господ, Бог ваш, оди пред вас; Тој ќе се бори за вас, исто онака, како што направи со вас во Египет, пред очите ваши. 31И во оваа пустина, како што ви­довте, Господ, Бог твој, те пазеше, како што човек го пази синот свој, по целиот пат по кој минавте, додека стигнавте на ова место.“ 32#29,3; Ос 11,3-4Но и покрај тоа вие не Му верувавте на Господ, вашиот Бог, 33#2 Мојс 13,21Кој одеше пред вас по патот, за да ви одбере место, каде да запрете, ноќе со оган, за да ви го посочува патот по кој одите, а дење со облак. 34И кога Господ ги чу зборовите ва­ши, се разгневи, и се заколна, велејќи: 35„Никој од овие луѓе, од овој зол род, нема да ја види добрата земја, за која им се заколнав на предците нивни дека ќе им ја дадам; 36#4 Мојс 14,24само Халев, Јефунеовиот син, тој ќе ја види; нему ќе му ја дадам земјата, во која влезе, и на синовите негови, зашто Му се покоруваше на Господ.“ 37#4,21Господ се разгневи и на мене заради вас, велејќи: „И ти нема да влезеш та­му; 38#3,21; 4 Мојс 27,18-23Исус, синот Навинов, кој е при тебе, тој ќе влезе таму; него поткрепи го, бидејќи тој ќе му ја даде на Израел во наследство; 39#4 Мојс 14,3и децата ваши, за кои говоревте дека ќе станат плен на непријателите, и синовите ваши, кои засега не знаат што е добро, и што зло, тие ќе влезат таму; ним ќе им ја дадам, и тие ќе ја наследат. 40А вие свртете и тргнете кон пустината, по патот кон Црвеното Море.“ 41Вие одговоривте тогаш и ми рековте: „Згрешивме пред Господ; ќе оди­ме и ќе се бориме како што ни беше заповедал Господ, Бог наш.“ И вие го опашавте секој своето бојно оружје, па се собравте и се искачивте на планината. 42#31,17Но Господ ми рече – кажи им: „Не одете и не војувајте, зашто Јас нема да бидам меѓу вас, за да не бидете разбиени од непријателите ваши.“ 43И јас ви го кажав тоа, но вие не ме послушавте и ја престапивте Госпо­до­вата заповед и своеволно се искачивте на планината. 44#Пс 118,12Тогаш излегоа против вас Амо­рејците, кои живееја по таа планина, и ве прогнаа, како што прават пчелите, и ве разбиваа од Сеир дури до Хорма. 45Вие тогаш се вративте и почнавте да плачете пред Господ, но Господ не го чу плачот ваш и не ве послуша. 46И останавте во Кадис многу време: колку што бевте таму.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се