Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 10

10
Ново откровение
1 # 1,7.21 Во третата година на персискиот цар Кир дојде откровение до Даниел, кој се викаше Валтазар, и вистинско беше тоа откровение и со голема сила. Тој го разбра тоа откровение и го објасни тоа видение. 2#9,3; Езд 9,4; Неем 1,4Во тие дни јас, Даниел, тагував цели три седмици. 3Богата храна не јадев; месо и вино не влезе во устата моја, и не се мачкав со масла додека не завршија трите седмици. 4#12,5; 1 Мојс 2,14А во дваесет и четвртиот ден од првиот месец, се најдов покрај брегот на големата река Тигар; 5#8,3; Ез 9,2; Откр 15,6ги кренав очите угоре и видов: ете еден човек, облечен во ленена облека, а крстот му беше препашан со офирско злато. 6#Ез 1,7.26-28; Мт 17,2; 28,3; Откр; 1,13-15; 19,12Телото негово изгледаше како топаз, лицето – како светкавица – очите му беа како запалени светила, рацете негови и нозете негови изгледаа како сјаен бакар и гласот на зборовите него­ви како глас на многу луѓе. 7#2 Цар 6,17-20; Дела 9,7И само јас, Даниел, го видов тоа видение, а луѓето што беа со мене не го видоа тоа видение; но страв голем ги обзеде, и тие избегаа за да се сокријат. 8#Авак 3,16; Јов 4,14-15Останав сам и го гледав тоа големо видение, но во мене не остана сила и лицето ми пребледе многу, не остана во мене бодрост. 9#8,18; 9,23; Мт 17,6И го чув гласот на зборовите негови; и штом го чув гласот на зборовите него­ви, ненајдено паднав во несвест и лежев со лицето кон земјата. 10#Ер 1,9; Откр 1,17Но ете, рака една се допре до мене и ме исправи на колената мои и на дланките од рацете мои. 11#9,23; Ез 2,1-2Па ми рече тој: „Даниеле, сакан чо­веку, задлабочи се во зборовите што ќе ти ги кажам, и исправи се на нозете свои, зашто кај тебе сум денеска испра­тен.“ Штом ми ги кажа тие зборови, јас станав растреперен. 12#3 Мојс 16,31; Ис 65,24; Мт 14,27Но тој ми рече: „Не бој се Даниеле! Од првиот ден кога го управи срцето свое за да постигнеш разбирање и да се понизиш пред твојот Бог, зборовите твои беа услишени, и јас сакав да дојдам според зборовите твои. 13#10,21; 12,1; Ис 24,21Но кнезот на персиското царство ми се противеше дваесет и еден ден; но Михаил, еден од првите кнезови, дојде да ми помогне зашто јас бев таму сам, кај персискиот цар. 14#9,22; Ез 12,27; Авак 2,3А сега дојдов да ти соопштам, што ќе се случи со твојот народ во последните времиња, зашто видението се однесува за далечни дни.“ 15#Ез 24,27; Лк 1,20Додека ми зборуваше такви зборо­ви, јас гледав во земјата, без да изустам збор. 16#Ис 6,7; Ер 1,9Но ете, еден сличен на синовите човечки се допре до усните мои и јас ја отворив устата своја, почнав да зборувам и му реков на оној што стоеше пред мене: „Господаре мој, од ова видение утробата во мене се преврте и во мене не остана сила. 17#4,19Па како може слугата Твој, Госпо­ди, да зборува со мојот Господар? Заш­то во мене нема сила, и останав без здив.“ 18#8,18Тогаш пак се допре до мене тој чо­вечки лик, ме поткрепи 19#5 Мојс 31,7.23; Дела 15,29и рече: „Не бој се, сакан човеку, мир да имаш; охрабри се, охрабри се!“ и кога зборуваше тој со мене, јас се закре­пив и реков: „Зборувај, Господи мој, зашто ти ме поткрепи.“ 20#8,21; 11,2И тој ми рече: „Знаеш ли зошто дојдов кај тебе? сега ќе се вратам за да се борам со персискиот кнез; а штом ќе завршам, ќе дојде кнезот на Јаван. 21Но јас ќе ти соопштам што е напи­шано во вистинското писмо; и нема ни­кој друг, што ќе ми помогне во тоа, освен Михаил, вашиот кнез.“

Селектирано:

Даниел 10: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност