Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 25

25
Навуходоносор го опсадува Ерусалим
(Ер 39,1-7; 52,3-11)
1 # Ер 39,1-10 # Ер 21,1-10; 34,1-5; Ез 4,1-3; 24,1-2 Во деветтата година од царувањето свое, во десеттиот месец, на десеттиот ден од месецот, вавилонскиот цар Навуходоносор дој­де со сета своја војска пред Ерусалим, го опседна и направи околу него опкоп. 2И градот стоеше во опсада до единаесеттата година од владеењето на царот Седекија. 3На деветтиот ден од четвртиот месец гладот се засили во градот, и на­родот немаше леб. 4Градот беше преземен, и сите воени лица избегаа ноќе по патот кон портите, меѓу двата ѕида што се до царската градина; а Халдејците стоеја околу градот, и царот отиде по патот кон рамнината. 5Халдејската војска се спушти по ца­рот и го стигна во Ерихонските рамнини, и сета војска негова се разбега од него. 6Тогаш го фатија царот, го одведоа кај вавилонскиот цар во Ривла и извршија над него суд; 7#Ез 12,13синовите на Седекија ги заклаа пред очите негови, а на Седекија му ги избодеа очите, го оковаа во окови и го одведоа во Вавилон.
Освојување на Ерусалим. Второ прогонство
(2 Лет 36,17-21; Ер 39,8-10; 52,12-30)
8 # Ер 52,12-27 # Ез 33,21 На петтиот месец, на седмиот ден од месецот, односно во деветнаесеттата година од владеењето на вавилонскиот цар Навуходоносор, дојде Невузардан, заповедник на телохранителите, слуга на вавилонскиот цар, во Ерусалим 9#1 Цар 9,8и го изгоре домот Господов и цар­скиот дом, и сите куќи во Ерусалим, и сите големи куќи ги изгоре со оган; 10и ѕидовите околу Ерусалим беа урнати од халдејската војска што беше со заповедникот на телохранителите. 11#15,29А другиот народ што беше оста­нал во градот, и одметниците, кои му се предале на вавилонскиот цар, а и другиот народ ги исели Невузардан, запо­ведникот на телохранителите. 12Само малкумина од сиромасите на оваа земја заповедникот на тело­хранителите ги остави за работници во лозјата и за земјоделци. 13И бронзените столбови во домот Господов, и подножјата, и бронзеното море во домот Господов Халдејците го испокршија и ја однесоа бронзата нивна во Вавилон; 14и котлите, и лопатките, и штипки­те, и лажиците, и сите бакарни садови што се употребуваа во служ­бата, ги кренаа; 15и кадилниците, и садовите, – сѐ што имаше златно, и сѐ што имаше сребрено, го зеде заповедникот на телохра­нителите; 16столбови два, море едно, и поднож­јата што Соломон ги беше направил во домот Господов, – бронзата во сите тие работи немаше мерка. 17Едниот столб беше висок осумнаесет лакти, главата му беше од бронза, а висината на главата – три лакти, и мрежата на наровите околу главата – сето тоа беше од бронза. Тоа исто го имаше и другиот столб со мрежата. 18Заповедникот на телохранителите го зеде првосвештеникот Сераја, заме­никот-првосвештеник Софонија и тројца свештеници-вратари. 19Од градот тој зеде еден дворски човек, кој беше заповедник на воените лица, и петте души што стоеја пред царското лице и се наоѓаа во градот, и главниот писар на војската што го запишуваше во војската народот на земјата, и шеесет души од народот на земјата, кои се наоѓаа во градот. 20Ги зеде Навузардан, началникот на телохранителите, и ги одведе кај вавилонскиот цар во Ривла. 21И вавилонскиот цар ги порази и ги погуби во Ривла, во земјата Хамат. И Јудејците беа иселени од земјата своја.
Годолија, управник на Јудината земја
(Ер 40,7–41,18)
22А над народот, оставен во јудејската земја, вавилонскиот цар Навуходо­носор го постави за управ­ник Годолија, синот на Ахикам, Сафанов син. 23#Ер 40,7-9Кога сите војсководци, тие и луѓето нивни, слушнаа дека вавилонскиот цар го поставил за управник Годолија, дојдоа кај Годолија во Мицпа: Исмаил, синот на Нетанија, Јоханан, син на Кареах, Сераја, син на Танхусмет од Нетофа, и Јаазанјаху од Мааха, тие и луѓето нивни. 24#18,31-32И им се заколна Годолија, ним и на луѓето нивни, и им рече: „Не плашете се што ќе бидете потчинети на Халдеј­ците; населувајте се во земјата, служете му на вавилонскиот цар и ќе ви биде добро.“ 25#Ер 41,1-2Но во седмиот месец дојде Исма­ил, синот на Нетанија, Елишамаев син, од царски род, со десет души, го порази Годолија, и тој умре, а и Јудејците, и Халдејците што беа во Мицпа. 26Тогаш се крена сиот народ, од мало до големо, и војсководците, па отидоа во Египет, зашто се плашеа од Хал­дејците.
Царот на Вавилон му благодари на Јехониј
(Ер 52,31-34)
27 # Ер 52,31-34 Во триесет и седмата година од преселувањето на јудејскиот цар Јехониј, во дванаесеттиот месец, на дваесет и седмиот ден од месецот, вавилонскиот цар Евил-Меродах, во годината на зацарувањето свое, го изведе од затвор јудејскиот цар Јехониј, 28говореше со него пријателски и го постави престолот негов погоре од престолот на царевите што беа пред него во Вавилон; 29и му ја смени затворската облека негова; и секогаш Јехониј јадеше со него, во сите дни на животот свој. 30За постојана издршка, му се даваше на царот, секој ден, во сите дни на неговиот живот.

Селектирано:

2 Царевите 25: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се