Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 24

24
1 # Ер 24,1; 25,1; 29,1; 32,1; 34,1; Дан 1,1-2 Во неговите дни се крена вавилонскиот цар Навуходоносор; и Јоаким му стана потчинет за три години, но подоцна се одметна од него. 2И Господ испрати против него мноштво Халдејци, и многу Арамеј­ци, и многу Моавци, и многу од синовите Амониеви, – ги испрати против Јуда за да го погуби, според словото на Господ што го беше рекол преку Своите слуги – пророците. 3Тоа стана со Јуда по заповед на Господ за да го отфрли од лицето Свое за гревовите на Манасија, за сѐ она што тој го беше извршил; 4и за невината крв што ја пролеа, исполнувајќи го Ерусалим со невина крв, Господ не сакаше да прости. 5Другите работи за Јоаким и за сѐ она што тој го беше извршил, опиша­но е во летописите на јудејските цареви. 6И почина Јоаким кај предците свои, а наместо него стана цар него­виот син Јехониј. 7Египетскиот цар веќе не излегуваше од својата земја, зашто вавилонскиот цар беше презел сѐ, од египетскиот по­ток до реката Еуфрат што му припаѓа­ше на египетскиот цар.
Јехониј, цар на Јудеја; прво прогонство
(2 Лет 36,9-10)
8Јехониј беше на осумнаесет години кога стана цар, и царуваше три месеци во Ерусалим; мајка му се викаше Не­хушта, ќерка на Елнатан, од Ерусалим. 9И тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ, во сѐ онака, како што тоа го правеше татко му. 10Во она време слугите на вавилонскиот цар Навуходоносор настапија кон Ерусалим, и градот беше опко­лен. 11Вавилонскиот цар Навуходоносор дојде до градот што слугите негови го опседнаа. 12#Ер 22,24-30Тогаш јудејскиот цар Јехониј отиде кај вавилонскиот цар – тој, и мајка му, и слугите негови, кнезовите негови, и дворјаните негови, – и го зароби вави­лонскиот цар во осмата година од царувањето свое, 13и изнесе сѐ од ризниците на домот Господов и од ризниците на царскиот дом; и ги здроби, како што беше рекол Господ, сите златни садови, што Соло­мон, царот Израелов, ги беше направил за храмот Господов; 14#15,29и го исели целиот Ерусалим, и сите кнезови, и сета храбра војска – беа преселени десет илјади, – и сите дрводелци и ковачи; никој не остана, освен сиро­масите на таа земја. 15Тој го пресели Јехониј во Вави­лон; исто така и мајка му на царот, и жените на царот, и големците негови, и големците на земјата ги одведе од Ерусалим за да ги насели во Вавилон. 16И сета војска, на број седум илјади, и ковачи и бравари – илјада; сите јуна­ци, способни за војна, ги одведе вави­лон­скиот цар за да ги насели во Вави­лон. 17#Ер 37,1; Ез 17,5-6; 17,13-14И вавилонскиот цар го направи цар Матанија, стрикото на Јехониј, место него, и му го промени името во Се­декија. 18Седекија беше на дваесет и една година, кога стана цар, и царуваше единаесет години во Ерусалим; мајка му се викаше Хамутал, ќерка на Еремија, од Ливна. 19И тој го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господ, во сѐ онака како што го правеше тоа Јоаким. 20#Ез 17,7-8.15Гневот на Господ над Ерусалим и над Јудеја беше толку голем што Тој ги отфрли од лицето Свое. И Седе­кија се одметна од вавилонскиот цар.

Селектирано:

2 Царевите 24: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се