Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 2

2
Бог го вознесува Илија на небото. Елисеј го наследува неговото место
1 # 1 Цар 19,16; 19,19-21 Во она време, кога Господ сакаше да го вознесе Илија на небото во виор, Илија со Елисеј доаѓаше од Гилгал. 2#1 Цар 12,29И му рече Илија на Елисеј: „Оста­ни тука, зашто Господ ме испраќа во Ветил.“ Но Елисеј рече: „Се колнам во живиот Господ и во животот на твојата душа! Нема да те оставам.“ И отидоа во Ветил. 3И излегоа кај Елисеј синовите пророчки што беа во Ветил, и му рекоа: „Знаеш ли дека денес Господ ќе го вознесе твојот господар над гла­вата твоја!“ Тој одговори: „И јас знам, молчете.“ 4#2,19-22; 4,30; Ис.Н. 6; 1 Сам 20,3; 25,26; 1 Цар 16,34И му рече Илија: „Елисеј, остани тука, зашто Господ ме испраќа во Ерихон.“ А тој рече: „Се колнам во жи­виот Господ и во твојата жива душа! Нема да те оставам.“ И дојдоа во Ерихон. 5Тогаш се приближија синовите про­рочки што беа во Ерихон, и му рекоа: „Знаеш ли дека денес Господ го зема твојот господар и ќе го вознесе над главата твоја?“ Тој одговори: „И јас знам, молчете.“ 6Пак му рече Илија на Елисеј: „Остани тука, зашто Господ ме испраќа накај Јордан.“ А тој рече: „Се колнам во живиот Господ и во твојата жива душа! Нема да те оставам.“ И тргнаа обајцата. 7Педесет души од синовите пророч­ки тргнаа и застанаа подалеку спроти нив, додека тие двајца стоеја покрај брегот на Јордан. 8#1 Цар 19,19Тогаш го зеде Илија својот кожув, го свитка и удри со него по водата, и таа се раздели на две страни, па така и двај­цата минаа по суво. 9#Ис 42,1; 61,1; Ез 2,2; 3,12Кога минаа, Илија му рече на Ели­сеј: „Барај, што сакаш да ти направам, пред да бидам вознесен пред тебе.“ Елисеј одговори: „Духот, кој е во тебе, да биде двојно во мене.“ 10А тој рече: „Бараш нешто многу тешко; ако видиш, како ќе бидам вознесен пред тебе, така ќе ти биде; ако, пак, не видиш, нема да ти биде.“ 11#6,17Додека тие одеа и си разговараа по патот, наеднаш се појави огнена кола и огнени коњи, и ги раздвоија еден од друг, и Илија се вознесе во виорот кон небото. 12А Елисеј гледаше и извика: „Татко мој, татко мој, коло Израелова и негова коњица!“ И веќе не го виде. Па ја фати облеката своја, и ја раскина на две парчиња. 13И го крена тој кожувот на Илија што беше паднал од него, па се врати и се запре крај брегот на Јордан; 14го зеде кожувот на Илија, што беше паднал од него, удри со него по водата, и рече: „Каде е Господ, Бог Илиев? Тој Самиот?“ И удри по водата, а таа се раздели на две страни, и Елисеј помина. 15#4 Мојс 11,25; Ис 11,2; 1 Птр 4,14И го видоа оддалеку синовите пророкови што беа во Ерихон и рекоа: „Илиевиот дух слезе врз Елисеј.“ Му излегоа во пресрет и му се поклонија до земја. 16#1 Цар 18,12; Ез 3,14; 8,3; Дела 8,39И му рекоа: „Ете, во нас, твоите слуги, има педесет души силни мажи; нека одат тие да го побараат господарот твој; можеби, Духот Господов го однел и го фрлил на некоја гора, или во некој дол.“ А тој рече: „Немојте да испра­ќате!“ 17Но тие настојуваа пред него многу, та му здодеаја, па им рече: „Испратете!“ И испратија педесет души, кои бараа три дена, но не го најдоа, 18и се вратија кај него, додека тој бе­ше во Ерихон; и тој им рече: „Нели ви говорев: не одете!“
Елисеј го очистува изворот на Ерихон
19 # 2 Мојс 15,22-25 Тогаш жителите на градот му кажаа на Елисеј: „Ете, како што гле­даш, господаре, положбата на овој град е добра; но водата е лоша и земјата е бесплодна.“ 20#3 Мојс 2,13; Ез 43,24А тој рече: „Дајте ми нова чаша и турете во неа сол.“ И му дадоа. 21Тој отиде кај изворот на водата, ја фрли во неа солта и рече: „Вака вели Господ: ‚Јас ја оздравувам оваа вода; и во иднина нема да доаѓа од неа ни смрт, ни бесплодност.‘“ 22#2 Мојс 15,25И водата остана здрава до денес, според зборот што го кажа Елисеј.
Бог ги казнува децата што му се потсмеваат на Елисеј
23Оттаму тој отиде во Ветил. Кога одеше по патот, мали деца излегоа од градот, му се потсмеваа и му велеа: „Врви, ќелавко! Врви, ќелавко!“ 24#3 Мојс 26,22Тој се сврте, ги виде и ги проколна во името Господово. Тогаш излегоа од гората две мечки и раскинаа од нив че­тириесет и две деца. 25#1 Цар 16,24Оттука отиде на гората Кармил, а оттаму се врати во Самарија.

Селектирано:

2 Царевите 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност