Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 1

1
Бог ги осудува постапките на Охозија
1 # 3,4-27; 4 Мојс 24,17; 1 Сам 14,47; 2 Сам 8,2; Пс 60,8 По смртта на Ахав, Моав се побуни против Израел. 2#Мт 10,25; 12,24А Охозија падна низ прозорецот на горната соба од својот дворец, во Сама­рија, и тешко се повреди. Па испрати гласници и им рече: „Одете, прашајте го Веелзевул, екронското божество: ќе оздравам ли од оваа повреда?“ 3#1 Цар 17,1; 21,17.28; Ис 8,9; Ер 2,11-13Тогаш ангел Господов му кажа на Илија тишбеецот: „Стани, пресретни ги пратениците на самарјанскиот цар и кажи им: ‚Зарем во Израел нема Бог, та сте тргнале да го прашате Веелзевул, екронското божество?‘ 4#20,1; 1 Мојс 2,17; Ез 3,18; 18,24Затоа вака вели Господ: ‚Од постелата на која си легнал, нема да станеш, туку ќе умреш.‘“ И отиде Илија. 5Се вратија гласниците кај Охозија. И тој ги праша: „Зошто се вративте?“ 6Тие му одговорија: „Не пресретна еден човек и ни рече: ‚Одете, вратете се кај царот, кој ве испратил, и кажете му: вака вели Господ: зар во Израел нема Бог, та испраќаш да го прашаш Веел­зевул, екронското бо­жество? Затоа од постелата на која си легнал, нема да станеш, туку ќе умреш.‘“ 7Тој ги праша: „Каков беше на изглед оној човек што ве пресретна и ви ги кажа тие зборови?“ 8#Зах 13,4; Мт 3,4Тие му одговорија: „Тој човек цели­от беше со влакна и беше опашан преку половината со кожен појас.“ Тој рече: „Тоа е Илија тишбеецот.“
Охозија упорно настојува да го затвори Илија
9 # 2 Мојс 18,21; 5 Мојс 1,15; 1 Сам 8,12; 1 Цар 17,24 Тогаш испрати царот кај него педе­сетник со неговите педесетмина војници. И тој се искачи кај него, кога Илија седеше на врвот од гората, и му рече: „Човеку Божји, царот нареди да сле­зеш.“ 10#3 Мојс 10,2; Лк 9,54Одговори Илија и му рече на педе­сетникот: „Ако сум јас човек Божји, нека падне оган од небото и нека те изгори тебе и твоите педесетмина војници.“ И падна оган од небото и го изгори него и неговите педесетмина. 11Царот испрати друг педесетник со неговите педесетмина војници. И тој му проговори и рече: „Човеку Божји, вака вели царот: ‚Слези поскоро!‘“ 12Илија одговори и му рече: „Ако сум јас човек Божји, нека падне оган од небото и нека те изгори тебе и твоите педесетмина.“ И падна оган Божји од небото и го изгоре него и неговите педесетмина војници. 13#1 Цар 8,54; 19,18; Ис 45,23; Езд 9,5Царот испрати по третпат педе­сетник со неговите педесетмина вој­ници. Третиот педесетник стана, та дојде, и падна на коленици пред Илија, го молеше и му зборуваше: „Човеку Божји, да не биде презрена душата моја и душата на твоите слуги – овие педе­сетмина – пред твоите очи. 14Ете, падна оган од небото и ги изгоре двајцата претходни педесетници со нивните педесетмина војници; но сега да не биде презрена душата моја пред твоите очи!“ 15Тогаш му рече ангелот Господов на Илија: „Оди со него и не плаши се од него.“ И тој стана, та отиде со него кај царот. 16И му рече: „Вака вели Господ: ‚Поради тоа што испрати гласници да го прашаат Веелзевул, екронското бо­жество, како да немаше во Израел Бог да Го прашаш за словото Негово, – ти нема да станеш од леглото, на кое си легнал, туку ќе умреш.‘“ 17И тој умре според словото Гос­подово што го изрече Илија. И стана цар Јорам, место него, во втората година на Јорам, синот на Јосафат, царот јудејски, бидејќи оној немаше син. 18Другото за Охозија, она што го из­вршил тој, е опишано во летопи­сите на израелските цареви.

Селектирано:

2 Царевите 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се