Тогаш ангел Господов му кажа на Илија тишбеецот: „Стани, пресретни ги пратениците на самарјанскиот цар и кажи им: ‚Зарем во Израел нема Бог, та сте тргнале да го прашате Веелзевул, екронското божество?‘ Затоа вака вели Господ: ‚Од постелата на која си легнал, нема да станеш, туку ќе умреш.‘“ И отиде Илија. Се вратија гласниците кај Охозија. И тој ги праша: „Зошто се вративте?“ Тие му одговорија: „Не пресретна еден човек и ни рече: ‚Одете, вратете се кај царот, кој ве испратил, и кажете му: вака вели Господ: зар во Израел нема Бог, та испраќаш да го прашаш Веелзевул, екронското божество? Затоа од постелата на која си легнал, нема да станеш, туку ќе умреш.‘“ Тој ги праша: „Каков беше на изглед оној човек што ве пресретна и ви ги кажа тие зборови?“ Тие му одговорија: „Тој човек целиот беше со влакна и беше опашан преку половината со кожен појас.“ Тој рече: „Тоа е Илија тишбеецот.“ Тогаш испрати царот кај него педесетник со неговите педесетмина војници. И тој се искачи кај него, кога Илија седеше на врвот од гората, и му рече: „Човеку Божји, царот нареди да слезеш.“ Одговори Илија и му рече на педесетникот: „Ако сум јас човек Божји, нека падне оган од небото и нека те изгори тебе и твоите педесетмина војници.“ И падна оган од небото и го изгори него и неговите педесетмина.
Прочитај 2 Царевите 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Царевите 1:3-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа