Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 8

8
Собирање милостина. Великодушна дарежливост на македонските цркви
1 # Рим 15,26; 1 Кор 16,5; Гал 2,10 Браќа, ве известувам за благодатта Божја, дадена на македонските цркви, 2дека и покрај големото испитување во маката, нивната радост беше изобилна; и покрај нивната длабока сиромаш­тија покажаа големо богатство во нивната дарежливост, 3#9,1зашто, според нивните можности, па дури и преку нивните можности, јас сум сведок дека тие даваа доброволно, 4#Дела 9,13; 1 Кор 16,1нѐ молеа многу усрдно да го прими­ме нивниот дар и учеството во прислу­жувањето на светиите; 5и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господ, а потоа и нам, по волјата Божја. 6Затоа го замоливме Тит, онака како што беше почнал порано, така и меѓу вас да го заврши тоа дело на дареж­ли­воста. 7#1 Кор 1,5И како што сѐ изобилува во вас: верата и словото, знаењето и секоја усрдност и љубовта ваша кон нас, така нека изобилува во вас и таа добродетел. 8Ова ви го велам не како заповед, ту­ку преку усрдност на другите да ја испитаме искреноста и на вашата љу­бов. 9#Мт 5,3; 8,20; Фил 2,6-7Бидејќи вие ја знаете дарежливоста на нашиот Господ Исус Христос, дека Тој, иако богат, осиромаши заради вас, да се збогатите и вие преку Неговата сиромаштија. 10А со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои почнавте уште од минатата година, не само да го пра­вите, туку и да сакате да го правите. 11А сега довршете го започнатото де­ло, та, како што имаше усрдност во ва­шето барање, така усрдно нека биде и неговото довршување според можностите. 12#Мк 12,44Зашто, ако се има усрдност, таа е мила по тоа што ја има, а не по тоа што ја нема. 13#7,5; 2 Сол 1,7Затоа не сакам на другите да им би­де лесно, а вам – тешко, туку подеднакво: 14#9,12; Рим 15,26-27вашиот сегашен вишок да го дополни нивниот недостиг, та и нивниот вишок да послужи за вашиот недостиг, па да има еднаквост, 15#2 Мојс 16,18како што е напишано: „Кој собра многу, немал вишок; и кој малку, немал недостиг.“ 16Да Му благодариме на Бога, Кој во срцето на Тит положи толкава усрдност за вас. 17Тој ја прифати мојата молба, и би­дејќи многу ревносен, доброволно тргна кон вас. 18#Дела 20,4; 1 Кор 16,3; Гал 2,10Со него го испративме братот, по­фалуван по сите цркви за неговото бла­говестие; 19и не само тоа, туку црквите го из­браа за да нѐ придружува во тоа дело на дарежливоста, на кое му служиме за слава на Самиот Господ и за нашата добра волја, 20пазејќи се, да не нѐ укори некој по­ради обилните приноси, за чие собира­ње се грижиме ние. 21#Изреки 3,4; Рим 12,17Зашто ние се трудиме за доброто не само пред Господ, туку и пред луѓето. 22Со нив го испративме и нашиот брат, чија ревност многупати сме ја ис­пробале во многу работи, и кој сега е уште поревносен поради големата уве­реност во вас. 23Што се однесува до Тит, тој е мој другар и соработник меѓу вас; а по од­нос на нашите браќа, тие се пратеници на црквите, Христова слава. 24И затоа покажете им пред црквите доказ на вашата љубов и на спра­вед­ли­воста на нашите пофалби за вас.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност