Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 7

7
1 # Рим 7,5; Евр 10,22; 1 Птр 1,15-17; 2 Птр 1,4 И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секоја нечистота на телото и на духот, исполнувајќи ја светоста во страв Божји.
Павловата радост
2 # Дела 20,33 Примете нѐ во срцата ваши: никому не сме му нанеле неправда; никого не упропастивме, ниту, пак, некого искористивме. 3#6,11-13Ова не го зборувам за да осудувам, зашто пред малку реков дека сте во ср­цата наши, за да умреме и да живееме заедно. 4#1,4; 4,8; 12,10; Кол 1,24; 2 Сол 1,4Голема е мојата увереност во вас, многу се фалам со вас; се исполнив со утеха, преизобилувам со радост покрај сите наши маки. 5#5 Мојс 32,25Зашто, кога дојдовме во Македонија, никакво спокојство немаше телото наше, но од секаде бевме притеснети во маки; однадвор борби, однатре страв. 6#2,13; Ис 49,13; Дела 28,15Но Бог, Кој ги утешува понизните, нѐ утеши со доаѓањето на Тит. 7И не само со неговото доаѓање, но и со утехата, со која се беше утешил тој поради вас, известувајќи нѐ за вашиот копнеж, за вашиот плач, за вашата рев­ност кон мене, така што јас уште по­ве­ќе се зарадував. 8Зашто, ако сум ве и ожалостил со посланието, не ми е жал, макар и да ми беше жал, бидејќи гледам дека тоа пос­лание ве ожалостило само за малку вре­ме; 9сега се радувам не затоа што се ожа­лостивте, туку што се ожалостивте за покајување; бидејќи се ожалостивте по Бога, та никаква штета да не претрпите од нас. 10Бидејќи жалоста што потекнува од Бога предизвикува неопходно покајува­ње за спасение, а световната жалост до­ведува до смрт. 11Зашто, ете, тоа што се ожалостивте по Бога, каква усрдност предизвика во вас, какво извинување, какво огор­чу­ва­ње, каков страв, каков копнеж, каква ревност, каква горчина! Со сѐ по­ка­жав­те дека во тоа дело сте чисти. 12Така, ако и ви напишав, тоа го на­правив не поради навредувачот, ниту поради навредениот, туку за да стане јасно вашето усрдие за нас пред Бога. 13#2,13; 1 Кор 16,18Затоа се утешивме. Во таа наша утеха уште повеќе се зарадувавме поради радоста на Тит, затоа што сите вие сте му го успокоиле духот. 14#1,18-19; 8,24; 9,2И затоа јас не се посрамив, кога со некои работи се пофалив за вас пред не­го; но, како што секогаш пред вас сме ја зборувале вистината, така и пофалбата пред Тит ни излезе вистинска. 15#2,9; 10,6; 1 Кор 2,3Голема е неговата срдечна љубов кон вас, кога ќе се сети за послушноста на сите вас, како со трепет и страв сте го примиле. 16#Гал 5,10И затоа, се радувам дека во сѐ мо­жам да имам доверба во вас.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се