Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 34

34
Обновата за владеењето на царот Јошија
(2 Цар 22,1-2)
1 # 1 Лет 3,14 Јошија имаше осум години, кога стана цар, и царуваше во Еру­салим триесет и една година. 2Тој го правеше она што беше угодно пред очите Господови, одеше по патиш­тата на својот предок Давид и не скрш­нуваше ни лево ни десно.
Чистка на идолските светилишта
3 # 1 Лет 16,11 На осмата година од царувањето свое, бидејќи уште беше момче, почна да Го бара Бога на својот предок Давид, а во дваесеттата година почна да ја чисти Јудеја и Ерусалим од идолските светилишта, од посветените дрвја и од извајаните и излеаните идоли. 4#2 Мојс 34,13; 3 Мојс 26,30Зашто пред лицето негово ги раз­рушија жртвениците на Вааловци и идолите, што се издигаа над нив; ги исече посветените дрвја, а извајаните и излеаните идоли ги скрши и разби во прав, растурајќи ги по гробовите на оние, што им беа принесувале жртви; 5#1 Цар 13,2коските на жреците ги изгоре врз нивните жртвеници, ја исчисти Јудеја и Ерусалим. 6Во градовите на Манасија, Ефрем и Симеон, дури до коленото Нефта­лимово, и во нивните опустошени околини, 7#2 Мојс 32,20тој ги собори жртвениците и посве­тените дрвја, ги разби во прав ликовите и ги скрши сите идоли по целата изра­елска земја, и се врати во Ерусалим.
Пронајдена Книгата на Законот Господов
(2 Цар 22,3-20)
8На осумнаесеттата година од царувањето свое, откако беше исчистена земјата и Божјиот дом, тој го испрати Сафан, синот Ацалиев, Маасејаху, гра­доначалникот, и Јоах, син Јоаха­зов, писар, за да го обноват домот на Господ, нивниот Бог. 9Тие отидоа кај првосвештеникот Хелкија и го предадоа принесеното во Божјиот дом, што го беа собрале левитите, стражари кај прагот, од рацете на Манасија, Ефрем, од сите други Изра­елци, од синовите на Јуда и на Венија­мин и од жителите ерусалимски. 10Го дадоа тоа во рацете на надгледниците, одредени во домот Господов, да го раздаваат на работниците, што ќе работат во Господо­виот дом на поправ­ката и обновувањето на домот. 11И тие им раздаваа на дрводелците и ѕидарите, за да купуваат делкани камења и дрвја за врски и за покривање на зградите кои јудејските цареви ги беа разрушиле. 12Тие луѓе чесно ја вршеа својата ра­бота, а за надзорници над нив беа поставени Јахат и Авдија, левити од Мерариевите синови, и Захарија и Ме­шулам од Каатовите синови, и сите ле­вити, што умееја да свират на музички направи. 13#1 Лет 23,4Тие беа одредени над носачите и ги надгледуваа сите работници кај секоја работа: а другите левити беа и писари, и надгледници, и вратари. 14Кога го вадеа среброто, што беше принесено во Господовиот дом, свеш­теникот Хелкија ја најде Книгата на Законот Господов, даден преку Мојсее­вата рака. 15#Езд 7,6; Неем 8,1Проговори Хелкија, па му рече на писарот Сафан: „Ја најдов Книгата на Законот во домот Господов.“ Хелкија му ја даде книгата на Сафан. 16А Сафан ја однесе книгата кај царот и притоа му ја донесе на царот оваа вест: „Твоите слуги вршат сѐ што им е таму наредено.“ 17Го истурија среброто, што се наоѓаше во домот Господов, и го предадоа во рацете на надгледниците и во рацете на работниците. 18Писарот Сафан му јави уште на царот и рече: „Оваа книга ми ја даде свештеникот Хелкија.“ И Сафан ја прочита пред царот. 19#5 Мојс 28,6-9; Ис 36,22Кога ги чу царот зборовите на законот, ја раскина својата облека. 20И му заповеда царот на Хелкија и на Ахикам, син Сафанов, на Авдон, син Михеев, и на писарот Сафан и на цар­скиот слуга Асаја, велејќи: 21#Ез 36,18„Одете и прашајте Го Господ за мене, за другите во Израел и за Јуда заради зборовите на таа најдена кни­га, зашто голем е гневот Господов, кој пламна врз нас, затоа што татковците наши не ги запазија Господовите збо­рови, за да постапуваат според она што е напишано во таа книга.“ 22#2 Мојс 15,20; Неем 6,14Тогаш Хелкија и оние, што беа ис­пратени од царот, отидоа кај проро­чицата Хулда, жена на Селум, син на Токхат, син на Асра ризнича­рот, – а таа живееше во новиот дел на Ерусалим, – и говореа со неа за тоа. 23Таа им рече: „Вака вели Господ, Бог Израелов: кажете му на оној човек, што ве испратил кај мене. 24#Ис 3,9; Ер 40,2Вака вели Господ: ‚ете, ќе испратам зло врз ова место и врз жителите негови – сите проклетства, напишани во книгата, што ја читаа пред лицето на јудејскиот цар, 25#Ер 22,9поради тоа што Ме оставија и кадеа на други богови, за да Ме разгневат со сите дела на рацете свои. Затоа гневот Мој ќе се разгори над ова место и нема да згасне.‘ 26А на царот јудејски, кој ве испрати да Го прашате Бога, кажете му: ‚вака вели Господ, Бог Израелов, за зборо­вите, што си ги чул: 27#2 Мојс 10,3бидејќи срцето ти омекна, и ти се понизи пред Господ, откако чу што ве­ли Тој за ова место и за жителите не­гови, и понизувајќи се пред Мене и ја раскина облеката своја и плачеше пред Мене, затоа и Јас те слушнав, вели Господ. 28Ете, Јас ќе те приберам кај предците твои, и ќе бидеш положен со мир во гробницата своја, и очите твои нема да го видат сето она зло, што ќе го испратам врз ова место и против жителите негови.‘“ И му го однесоа одговорот на царот.
Заветување на послушност кон Бога
(2 Цар 23,1-20)
29Тогаш царот заповеда да се соберат сите старешини од Јудеја и Ерусалим, 30па отиде царот во домот Господов, и со него сите Јудејци и жителите еру­салимски, и свештени­ците, и левитите, и сиот народ, од голем до мал; и им ги прочита тој гласно сите зборови од Книгата на заветот, најдена во домот Господов. 31#2 Цар 11,17Потоа царот се исправи на местото свое и склучи завет пред лицето на Господ – да Го следат Господа и да ги запазат од сѐ срце и со сета душа за­поведите Негови, откровенијата негови и законите Негови, та да ги извршат зборовите на заветот, напи­шани во таа книга. 32И царот им заповеда на сите, што беа во Ерусалим и во земјата Венија­минова, да го потврдат тоа; и почнаа жителите ерусалимски да постапуваат според заветот на Бога, Бог на нивните предци. 33#5 Мојс 18,9И ги отстрани Јошија сите гадо­тии од сите земји на израелските синови, и им заповеда на сите во земјата израел­ска да Му служат на Господ, својот Бог. И во сите денови на животот негов тие не отстапуваа од Господ Бог на нивните предци.

Селектирано:

2 Летописи 34: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се