2 Летописи 35
35
Подготвување за празникот Пасха и неговото свечено празнување
(2 Цар 23,21-23)
1 #
2 Мојс 12,1-30; 4 Мојс 28,16 Јошија ја прослави Пасхата Господова во Ерусалим, и го заклаа пасхалното јагне на четиринаесеттиот ден од првиот месец. 2И ги насели свештениците по местата нивни и ги поттикнуваше да му служат на домот Господов; 3и им рече на левитите, посветени на Господ и учители на сите Израелци: поставете го светиот ковчег во храмот, што го изгради Соломон, синот Давидов, цар израелски; нема потреба да го носите на раменици; служете Му сега на Господ, нашиот Бог и на народот Негов Израел; 4#Езд 6,18; 1 Лет 24,1застанете според родовите на своите предци и според родовите свои, како што е заповедано од Давид, царот израелски, и како што е заповедано од синот негов Соломон, 5стојте во светилиштето, според она како што се распоредени родовите на вашите браќа, синовите народни, според она како што се разделени левитските родови и редови; 6#3 Мојс 11,44заколете го пасхалното јагне, осветете се и подгответе го за браќата свои, постапувајќи согласно со Господовото слово преку Мојсеј. 7#31,3И им подари Јошија на синовите народни, на сите, што беа таму, од ситниот добиток јагниња и јариња, сѐ за пасхалната жртва, на број триесет илјади и три илјади вола. Тоа беше од царскиот имот. 8#1 Лет 29,3И началниците негови сесрдно даваа принос за народот, на свештениците и на левитите: Хелкија, Захарија и Јехиил, старешини во Божјиот дом, им дадоа на свештениците за жртва пасхална две илјади и шестотини јагниња и јариња и триста вола; 9Конанјаху, Шемаја и Натанаил, негови браќа, Ашавија, Јехиил и Јозавад, левитски старешини, им подарија на левитите за пасхална жртва пет илјади овци и петстотини волови. 10Така се подготви службата, и по царева заповед свештениците застанаа на своите места и левитите според смените свои; 11го заклаа пасхалното јагне, и свештениците росеа со крвта, што ја земаа од рацете на левитите, а левитите ги дереа кожите; 12и го распределија определеното за сепаленици, за да го дадат по редовите на татковските родови на синовите народни, за принос на Господ, како што е напишано во Мојсеевата книга. Истото тоа го направија и со воловите. 13#2 Мојс 12,2-11И го испекоа на оган пасхалното јагне, според законот; а свештените жртви ги сварија во котли, грниња и тави, па го раздадоа брзо по сиот народ; 14#29,13потоа приготвија за себе и за свештениците, зашто свештениците, синовите Аронови, беа зафатени со принесувањето сепаленици и масни меса до ноќта; затоа левитите готвеа и за себе и за свештениците, синовите Аронови. 15#Пс 68,24; Неем 12,46; 1 Лет 25,1А пејачите, синови Асафови, остануваа по местата свои, според наредбите на Давид и Асаф, Еман и Једутун, царевиот јасновидец, а вратарите кај секоја врата: немаше зашто да ја напуштаат службата своја, бидејќи браќата нивни, левитите, готвеа за нив. 16Така беше распоредена целата служба во тој ден, за да направат Пасха и да принесат сепаленици на Господовиот жртвеник, по заповед на царот Јошија. 17Така ја празнуваа израелските синови, што беа таму Пасхата во тоа време и празникот Бесквасници во текот на седум дена. 18Таква Пасха не беше прославувана во Израел од деновите на пророкот Самоил; од израелските цареви ниеден не беше приготвил таква Пасха, каква што направи Јошија, свештениците, левитите и сите Јудејци, и Израелци, кои беа таму, и жителите ерусалимски. 19Таа Пасха беше прославена во осумнаесеттата година од царувањето на Јошија.
Крајот на Јошија
(2 Цар 23,28-30)
20 #
1 Мојс 2,14; Ис 10,9; Ер 46,2 По сето тоа, откако Јошија го уреди Божјиот дом, дојде Нехо, египетскиот цар, да се бори на реката Еуфрат кај Каркемиш. Јшија му излезе во пресрет. 21#1 Цар 13,18; 2 Цар 18,25Нехо испрати кај него пратеници да кажат: „Што има меѓу мене и тебе, царе јудејски? Против тебе сега не сум тргнал, туку против домот со кој имам војна. Бог ми заповеда да брзам; немој да Му се противиш на Бога, Кој е со мене, за да не те погуби.“ 22Но Јошија не го одврати лицето од него, туку се приготви да се бие со него; и не ги послуша зборовите на Нехо, што беа од Бога, туку излезе во бој во долината Мегидо. 23#1 Цар 22,34И стрелците го устрелија царот Јошија, и царот им рече на слугите свои: „Одведете ме, зашто сум тешко ранет.“ 24Слугите негови го симнаа од колата, го качија во друга негова кола и го одведоа во Ерусалим. И тој умре; и беше погребан во гробницата на своите предци. Цела Јудеја и Ерусалим го оплакаа Јошија. 25#1 Мојс 50,10; Ер 22,10.15-16Јошија беше оплакан и од Еремија во плачевна песна; него го споменуваа сите пеачи и пејачки во тажачките песни свои, познати и до денес, кои ги предадоа во обичај во Израел; ете, тие се напишани во Книгата на тажачките песни. 26Другите дела на Јошија и добрините негови, согласни со заповеданото во законот Господов, 27и неговите дела, први и последни, се опишани во книгата за царевите израелски и јудејски.
Селектирано:
2 Летописи 35: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006