Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 32

32
Нападот на асирскиот цар Сенахирим и неговата пропаст
(2 Цар 18,13-37; 19,14-19.35-37; Ис 36,1-22; 37,8-38)
1 # Ис 36,1 По таквите дела и таквата верност дојде Сенахирим, царот асирски, навлезе во Јудеја, ги опседна утврдените градови со намера да ги освои. 2#Ис 22,7; Ер 1,15Кога виде Езекија дека Сенахирим дошол со цел да војува против Еру­салим, 3реши со началниците и со своите силни луѓе да ги затвори сите извори на вода надвор од градот; и тие му помогнаа. 4#Ис 22,9Се собра многу народ и ги затрупаа сите извори и потокот, кој течеше низ земјата, велејќи: зошто кога ќе дојде асирскиот цар, да најде многу вода? 5#Ис 22,10; 1 Лет 11,8И се утврди Езекија, ги поправи си­те срушени ѕидови и ги издигна до кулата, а надвор изгради друг ѕид, го утврди Мило во Давидовиот град и изработи многу оружје и штитови. 6Постави воени началници над народот и ги собра кај себе на плоштадот кај градските порти, па им говореше од срце, велејќи: 7#4 Мојс 14,9; 5 Мојс 31,6; 2 Цар 6,16„Бидете тврди и храбри, не страху­вајте и не плашете се од асирскиот цар и од сето множество, кое е со него, заш­то со нас има повеќе, отколку со него; 8#5 Мојс 3,22; 1 Сам 17,45; Ис 52,10; Ер 17,5; Јов 40,9со него е рака човечка а со нас е Господ, Бог наш, за да ни помага и да се бори во битките наши.“ И народот се охрабри од зборовите на Езекија, царот јудејски. 9#Ис.Н. 10,3Потоа асирскиот цар Сенахирим испрати свои слуги во Ерусалим, – кога тој лично беше во Лакиш, и сета негова сила со него, – до јудејскиот цар Езекија и до сите Јудејци во Ерусалим, да кажат: 10#Ез 29,16„Вака вели Сенахирим, царот асирски: ‚на што се надевате и седите во Ерусалим опседнати?‘ 11#Ис 37,10Зар Езекија не ве мами, за да ве предаде на смрт од глад и жед, кога ви вели: ‚Господ, Бог наш, ќе нѐ спаси од раката на асирскиот цар?‘ 12Зар тој Езекија не ги премавна светилиштата Негови и жртвениците Негови и им рече на Јудејците и на Ерусалим: пред еден жртвеник поклонувајте се и врз него кадете! 13Зар не знаете, што направив јас и предците мои со сите земни народи? Можеа ли боговите на земните народи да ја спасат земјата своја од раката моја? 14Кој од сите богови на народите, што моите предци ги истребија, можеше да го спаси својот народ од раката моја? Ќе може ли и вашиот Бог да ве спаси вас од раката моја? 15#2 Мојс 5,2; Дан 3,15А сега, нека не ве мами Езекија и да не ве заведува така; не верувајте му; ако ниту еден бог на ниту еден народ и царство не беше во состојба да го спаси народот свој од раката моја и од раката на предците мои, тогаш и вашиот Бог нема да ве спаси вас од раката моја.“ 16И уште многу говореа слугите негови против Господ Бог и против Езекија, Неговиот слуга. 17#Ис 37,14; Пс 74,22Тој напиша писмо, во кое Го хулеше Господ, Бог Израелов, и гово­реше против Него вакви зборови: „Како што боговите на земните народи не ги спасија своите народи од раката моја, така и Езекиевиот Бог нема да го спаси Својот народ од раката моја.“ 18И викаа со силен глас на јудејски јазик кон народот во Ерусалим, кој беше по ѕидовите, за да го заплашат и исплашат, та да го преземат градот. 19#Ис 2,8; 17,8; Ер 1,16; Пс 115,4-8И говореа за Бога на Ерусалим, како за боговите на земните народи, – дело на човечки раце. 20#Ис 1,15; 37,15Тогаш царот Езекија и пророкот Исаија, синот Амоцов, се помолија и кренаа глас кон небото. 21#1 Мојс 19,13; 2 Цар 19,7; Ер 41,2И Господ испрати ангел, кој ги погуби сите јунаци, главниот начал­ник и началниците на војската на асирскиот цар, и тој се врати посрамен во земјата своја. И кога дојде во домот на својот бог, таму го убија со меч оние кои беа излезени од неговите бедра. 22Така го спаси Господ Езекија и ерусалимските жители од раката на асирскиот цар Сенахирим и од рацете на сите, и ги пазеше насекаде. 23#1 Сам 10,27; Ис 16,1Тогаш мнозина почнаа да Му донесуваат дарови на Господ во Ерусалим и скапи работи на јудејскиот цар Езекија. И тој се издигна потоа во очите на сите народи.
Болеста на Езекија
(2 Цар 20,1-3.12-19; Ис 38,1-3; 39,1-8)
24Во тие дни се разболе Езекија до смрт. И Му се помоли на Господ, и Тој послуша и му даде знак. 25#2 Цар 14,10Но Езекија не Му благодари за направените му добрини, зашто срцето негово се возгордеа. Затоа гневот Бож­ји падна врз него, врз Јудеја и врз Еру­салим. 26#Ис 39,8; Ер 26,18-19Но штом Езекија се понизи поради горделивоста во срцето негово, – тој и ерусалимските жители, – гневот Госпо­дов не падна врз нив во Езекиевите де­нови. 27#1 Лет 29,12Езекија имаше многу големо богатство и слава; си направи ризници за сребро и злато и за скапоцени камења, како и за благопријатни мириси, штито­ви и секакви скапи садови; 28и одделни простории за земни производи: жито, вино и масло, и трла за секаков добиток и огради за стада. 29Си изгради и градови. А стада од ситен и крупен добиток имаше многу, зашто Бог му беше дал многу голем имот. 30#2 Цар 18,17Тој, пак, Езекија, го затвори горниот проток на Гионските води и го насочи удолу, западно од Дави­довиот град. И во секоја своја работа Езекија беше успешен. 31#1 Мојс 22,1; 5 Мојс 8,16; Ис 38,7Само кај пратениците на вавилонските цареви, што беа испратени до него да прашаат за едно чудо, што се случило на земјата, Господ го остави, за да го испита и да открие сѐ, што му беше во срцето.
Крај на владеењето на Езекија
(2 Цар 20,20-21)
32Другите дела на Езекија и неговите добри дела се опишани во видението на пророкот Исаија, синот Амоцов, и во Книгата за царевите јудејски и израелски. 33#1 Лет 3,13Почина Езекија кај своите предци, и го погребаа погоре од гробиш­тата на Давидовите потомци, а по неговата смрт сите Јудејци и жители ерусалимски му укажаа почест. И на негово место се зацари синот негов Манасија.

Селектирано:

2 Летописи 32: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се