2 Летописи 31
31
Езекија го обновува верскиот живот
1 #
2 Цар 18,4; Ис 36,7 Откако заврши сето тоа, сите Израелци што се најдоа таму, отидоа по јудејските градови, та ги испокршија идолите, ги исекоа посветените дрвја, ги разрушија оброчиштата и жртвениците докрај по целата Јудеја и во земјата Венијаминова, Ефремова и Манасиева. Потоа се вратија сите синови Израелови, секој на својот имот, во градовите свои. 2#1 Лет 23,28-32; 24,1И нареди Езекија свештенички и левитски смени, според распределбата нивна, секој кај својата работа, свештеничка и левитска, кај сепаленица и кај помирителни жртви, за служба, за фалење и славословие, кај вратата на домот Господов. 3#Ез 45,17; 1 Лет 29,3И определи царот дел од имотот свој за сепаленици; за утрински и вечерни сепаленици, за сепаленици во саботите според новомесечијата и празниците, како што е запишано во законот Господов. 4#4 Мојс 18,8-24; 5 Мојс 18,8; Неем 13,10Му заповеда уште на народот во Ерусалим, да им дава одредена издршка на свештениците и левитите, за да бидат ревносни во законот Господов. 5#4 Мојс 18,12.24; 5 Мојс 12,17; Ез 44,30; Неем 13,12Кога се разгласи таа заповед, синовите израелски издонесоа многу големи количества: жито, вино, масло, мед и секакви полски производи; донесоа уште десеток од сѐ во изобилство. 6#3 Мојс 27,30Израелците и Јудејците што живееја по јудејските градови, исто така донесоа десеток од крупниот и ситниот добиток и десеток од жртвите, посветени на нивниот Господ Бог; и ги ставија на купови. 7#2 Мојс 23,16Почнаа во третиот месец да натрупуваат купови, и завршија во седмиот месец. 8#Пс; 144,13-15И дојдоа Езекија и кнезовите и видоа купишта, Го благословија Господа и народот Негов Израел. 9Тогаш ги праша Езекија свештениците и левитите за тие купишта. 10#2 Мојс 36,5; 2 Сам 8,17; Мал; 3,10-12Му одговори Азарија, првосвештеник од домот Садоков, и рече: „Откако почнаа да носат приноси во домот Господов, јадевме до наситување и пак остана многу, зашто Господ го благослови народот Свој. Ова големо множество е остаток.“ 11Тогаш Езекија заповеда да подготват соби во домот Господов. И тие подготвија. 12И ги внесоа таму приносите, десетоците и жртвите со голема точност. Настојник кај нив беше левитот Конанјаху, а братот негов Шимеј го држеше второто место. 13А Јехиил, Азазија, Нахат, Асаил, Јеримот, Јозавад, Елиил, Јисмахија, Маат и Ванеја беа надзорници под управа на Конанјаху и неговиот брат Семеј – по наредбата на царот Езекија и Азарија, началникот на Божјиот дом. 14Кореј, синот на Јимнин, левит, вратар на источната страна, беше кај доброволните приноси на Бога, за да го разделува принесеното на Господ и најважните осветени предмети. 15Под негова управа беа: Еден, Минијамин, Јешуа, Шемаја, Амарија и Шеханија во свештеничките градови, на кои им беше наложено да раздаваат делови на браќата свои подеднакво, како на големите, така и на малите, според нивните редови – 16освен на оние кои се внесени во родословието, – на сите машки од три години и нагоре, на сите, што одат во домот Господов за секојдневните работи, – за службата нивна, според должностите нивни и според редовите нивни. 17Запишувањето на свештениците беше според нивните татковски домови, на левитите од дваесет години и нагоре, според должностите нивни според редовите нивни. 18Свештениците беа запишани во списокот со сите нивни малолетни деца, со жените нивни, синовите нивни и ќерките нивни, сето општество, бидејќи тие со целосна верност ѝ се посветија на свештената служба. 19#4 Мојс 35,2-5А за синовите Аронови, свештеници во селата околу градовите нивни, во секој град беа поставени мажи определени да ги раздаваат деловите на секое машко кај свештениците и на сите, запишани во списокот кај левитите. 20#2 Цар 20,3Еве што направи Езекија по цела Јудеја; тој го правеше, она што е добро и право и вистинито пред Господ, својот Бог. 21И во сѐ она, што го преземаше за да му служи на Божјиот дом и да го запази законот и заповедите, мислејќи на својот Бог, тој се трудеше од сѐ срце, и имаше успех.
Селектирано:
2 Летописи 31: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006