2 Летописи 18
18
Михеј пророкува пропаст
(1 Цар 22,1-28)
1Јосафат имаше големо богатство и слава, па се сроди со Ахав. 2По неколку години отиде кај Ахав во Самарија; и закла Ахав многу добиток, ситен и крупен, за него и за луѓето со него и го убедуваше да се кренат против Рамот Галаадски. 3И му рече Ахав, царот израелски, на Јосафат, царот јудејски: „Ќе дојдеш ли со мене против Рамот Галаадски?“ Тој му одговори: „Како што ќе одиш ти, така и јас, како твојот народ, така и мојот народ; ќе дојдам со тебе во војна!“ 4Уште му рече Јосафат на царот израелски: „Прашај уште денес што ќе рече Господ.“ 5Израелскиот цар собра четиристотини души пророци и им рече: „Да одиме ли во војна против Рамот Галаадски, или да се откажеме?“ Тие одговорија: „Оди, и Господ ќе го предаде во раката на царот.“ 6Јосафат праша: „Нема ли тука уште некој пророк Господов, да го прашаме и него?“ 7Му одговори царот израелски на Јосафат: „Има уште еден човек, преку кого можеме да Го прашаме Господа, но јас него не го сакам, зашто тој не пророкува добро за мене, туку секогаш пророкува лошо; тој е Михеј, син на Јимла.“ Јосафат му рече: „Не зборувај така, царе!“ 8Царот израелски повика еден дворјанин и му рече: „Оди побрзо да го повикаш Михеј, синот на Јимла!“ 9А царот израелски Ахав и Јосафат, царот јудејски, седеа секој на престолот свој, облечени во царска облека, седеа на плоштадот пред самарјанските порти, и сите пророкуваа пред нив. 10Седекија, синот Ќенаанов, си беше направил железни рогови и рече: „Вака вели Господо: ‚Со нив ќе ги бодеш Арамејците, додека не ги истребиш.‘“ 11И сите пророци го пророкуваа истото, велејќи: „Оди против Рамот Галаадски, ќе имаш успех, и Господ ќе го предаде во раката на царот.“ 12Испратениот, што отиде да го повика Михеј, му рече: „Ене, пророците едногласно му претскажуваат добро на царот; и твојот збор нека биде таков, како на секого од нив: изречи и ти добро.“ 13#4 Мојс 22,18.20.35Михеј одговори и рече: „Се колнам во живиот Господ! Она што ќе ми каже Господ, тоа ќе го изречам.“ 14Кога дојде кај царот, а царот му рече: „Михеј, да одиме ли во војна против Рамот Галаадски, или да се воздржиме?“ Тој одговори: „Одете, ќе имате успех; тие ќе бидат предадени во рацете ваши.“ 15Царот му рече: „Колку пати ќе те заколнувам да не ми говориш ништо, освен вистината во името Господово?“ 16#4 Мојс 27,17Тогаш Михеј рече: „Ги видов сите синови на Израел, распрснати по горите како овци без пастир – и Господ рече: ‚тие немаат водач, секој нека се врати со мир во домот свој!‘“ 17Царот израелски му рече на Јосафат: „Нели ти реков дека тој не ми пророкува добро, туку само лошо?“ 18#Дан 7,9Михеј пак рече: „Тогаш чујте го зборот Господов: Го видов Господа, седнат на Својот престол, а сета војска небеска стоеше десно и лево од Него. 19И рече Господ: ‚Кој ќе го измами Ахав, израелскиот цар, да оди и да загине во Рамот Галаадски?‘ И еден велеше вака, друг велеше инаку. 20Истапи еден дух, застана пред лицето на Господ и рече: ‚Јас ќе го измамам.‘ А Господ праша: ‚со што?‘ 21#Зах 3,1; Јов 1,6; Јн 8,44; 1 Лет 21,1Тој одговори: ‚Ќе излезам и ќе станам дух на лагата во устата на сите пророци негови.‘ И рече Тој: ‚Ти ќе го подмамиш и ќе успееш; оди и направи така.‘ 22#Ез 14,6; Јов 12,16И сега, ете, Господ допушти да влезе духот на лагата во устата на тие твои пророци, но Господ рече не е добро за тебе.“ 23#Дела 23,2Тогаш пристапи Седекија, син на Ќенаана, па го плесна Михеја и рече: „По кој пат замина од мене Духот Господов, за да говори во тебе?“ 24А Михеј рече: „Ете, ќе го видиш тоа во оној ден, кога ќе бегаш од соба во соба, за да се сокриеш.“ 25Тогаш израелскиот цар рече: „Земете го Михеј и одведете го кај градоначалникот Амон и кај кнезот Јоас, царевиот син, 26#Евр 11,36и речете, вака вели царот: ‚затворете го овој во темница и хранете го скудно со леб и вода, додека да се вратам со мир.‘“ 27А Михеј рече: „Ако се вратиш со мир, тогаш не говорел Господ преку мене.“ И пак рече: „Чујте го ова сите луѓе!“
Смртта на Ахав
(1 Цар 22,29-35)
28И тргнаа царот израелски и Јосафат, царот јудејски, кон Рамот Галаадски. 29#1 Сам 28,8И царот израелски му рече на Јосафат: „Јас ќе се преоблечам и ќе влезам во борба, а ти облечи ги царските одежди.“ И се преоблече царот израелски, и влегоа во битка. 30Тогаш царот арамејски од својата кола им заповеда на војводите: „Не удирајте ни на мал ни на голем, туку само на царот израелски!“ 31А кога заповедниците на колите го видоа Јосафат, си помислија: тоа е царот израелски, – и го опколија, за да се удрат со него. Но Јосафат извика, и Господ му помогна, и Бог ги одврати од него. 32Штом заповедниците на колите видоа дека тоа не беше царот израелски, отстапија од него. 33Во тоа време еден човек го затегна случајно лакот свој и го рани израелскиот цар низ спојката меѓу појасот и оклопот негов. И тој му кажа на човекот: „Врати се назад и изведи ме од битката, зашто сум ранет.“ 34Но борбата во тој ден се засили; и израелскиот цар седеше на колата спроти Арамејците до вечерта и умре по зајдисонце.
Селектирано:
2 Летописи 18: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006