Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 4

4
Светиот ковчег во рацете на непријателите
1 # Ер 47,4; Амос 9,7 Во тоа време Филистејците се со­ браа да војуваат против Израел. И излегоа во војна Израелците против Филистејците и поставија логор кај Евен-Езер, а Филистејците поставија логор кај Афек. 2И Филистејците се наредија за борба против Израелците; почна борбата, и Филистејците ги разбија Израелците, и загинаа од нив на бојното поле околу четири илјади души. 3#4 Мојс 10,35-36; Ис.Н. 6,6; 2 Сам 11,11Тогаш народот дојде во логорот; и старешините Израелови рекоа: „Зошто Господ нѐ порази денес пред Филис­тејците. Да си го земеме од Силом ковчегот на заветот Господов, и тој ќе оди среде нас и ќе нѐ спаси од раката на непријателите наши.“ 4#2 Сам 6,2; 2 Цар 19,15; Ис 37,15; Пс 80,1; 1 Лет 13,6И народот испрати луѓе во Силом, па го донесоа оттаму ковчегот на заветот на Господ Саваот, Кој седи на херувими; а покрај ковчегот на заветот Божји беа двајцата синови на Илиј: Офни и Финес. 5#Ис.Н. 6,5.20И кога пристигна во логорот ков­чегот на заветот Господов, сиот Израел воскликна толку гласно што земјата трепереше. 6#13,19; 14,11; 29,3И Филистејците ги слушнаа радосните извици и рекоа: „Зошто ли се тие радосни извици во логорот на Евреите?“ И дознаа дека во логорот пристигнал ковчегот Господов. 7И се уплашија Филистејците, би­дејќи си рекоа: „Бог дошол кај нив во логорот.“ И рекоа: „Тешко нам, зашто такво нешто не се случило никогаш порано. 8#2 Мојс 7–11; 14–16Тешко нам! Кој ќе нѐ спаси од раката на Оној силен Бог? Тоа е Оној Бог што удри по Египќаните со секакви неволји во пустината. 9#Суд 13,1Стегнете се, о Филистејци, и бидете храбри за да не станете робови на Евреите, како што се тие во ропство под вас! Бидете мажи и борете се со нив!“ 10И Филистејците удрија, Израелците беа разбиени, и секој избега во шаторот свој. Поразот беше многу голем; од Израелците паднаа триесет илјади пешаци. 11#Пс 78,64Ковчегот Божји беше земен, а обајцата Илиови синови, Офни и Финес, загинаа.
Смртта на свештеникот Илиј и на неговата снаа
12 # 1 Мојс 37,30; 44,13; Суд 11,35; 2 Сам 1,2.11; Ез 27,30; Јов 2,12; Плач 2,10 А еден од Венијаминовите потомци побегна од местото на битката и дојде во Силом истиот ден. Облеката му беше испокината и главата во прав. 13Кога тој пристигна, Илиј седеше на стол до вратата и гледаше кон патот, бидејќи срцето му трепереше за ковче­гот Божји. И кога тој човек пристигна и јави во градот, целиот град високо повика. 14Илиј го слушна плачењето и рече: „Каква врева е тоа?“ И човекот веднаш се приближи и му соопшти на Илиј. 15#1 Цар 14,4Илиј тогаш беше на деведесет и осум години; и очите му беа ослабеле, и тој не можеше да гледа. 16И човекот му рече на Илиј: „Јас дојдов од логорот, денес избегав од местото на битката.“ И рече Илиј: „Што стана, синко?“ 17И известителот одговори и рече: „Израел избега пред Филистејците, голем пораз претрпе, и двајцата твои синови, Офни и Финес, загинаа, а ков­чегот Божји е запленет.“ 18#7,15; Суд 3,11.30; 4,4; 8,28; 10,2-3; 12,7-9.11; 12,13-14; 16,31Кога тој спомна за ковчегот Божји, Илиј падна од столот крај вратата на грб, си го скрши вратот и умре; бидејќи тој беше стар и тежок. Тој беше судија на Израел четириесет години. 19Снаата негова, жената на Финес, беше бремена, веќе пред раѓање. Кога ја слушна веста дека ковчегот Божји е запленет и дека свекорот нејзин и мажот нејзин умреле, се свитка на колена и роди, бидејќи ѝ дојдоа болките. 20И кога таа умираше, жените околу неа ѝ говореа: „Не плаши се, ти роди син.“ Но таа не одговараше и не обрнуваше внимание. 21#2 Мојс 16,10; 24,16-17; 40,34-35; 1 Цар 8,10-11; Ис 6,3И го нарече новороденчето Ихавод, мислејќи: „Си отиде славата од Израел“ – со запленувањето на ковчегот Божји, а и со смртта на свекорот нејзин и мажот нејзин. 22Таа затоа рече: „Отиде славата од Израел, бидејќи ковчегот Божји е запленет.“

Селектирано:

1 Самоилова 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се