Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 3

3
Бог го потврдува Самоил за пророк
1 # 2,11; Ез 7,26; Амос; 8,11-12; Пс 74,9; Плач 2,9 Момчето Самоил Му служеше на Господ под надзор на Илиј. Сло­вото Господово беше ретко во тие де­нови и немаше виденија. 2#4,15И се случи во она време, кога Илиј лежеше на местото свое, а очите негови беа почнале да му слабеат, и тој не можеше да гледа, 3#2 Мојс 25,22; 27,20-21; 3 Мојс 24,2-4и светилникот Божји уште не беше угаснал, а Самоил лежеше во храмот Господов, каде што беше ковчегот Бо­жји; 4#1 Мојс 22,1.11; 27,1.18; 2 Мојс 3,4; Ис 6,8Господ повика кон Самоил. Тој одговори: „Еве ме!“ 5И дотрча кај Илиј и рече: „Еве ме! Зошто ме викаше?“ Но тој одговори: „Јас не сум те викал; оди легни си!“ И тој отиде и си легна. 6Но Господ повика по вторпат кон Самоил. Тој стана и пак отиде кај Илиј и рече: „Еве ме! Ти ли ме повика?“ Но тој рече: „Јас не сум те викал, синко; оди легни си!“ 7Самоил дотогаш не го познаваше гласот на Господ, зашто уште не му се беше открило словото Господово. 8Викна Господ кон Самоил и третпат. Тој стана и отиде кај Илиј и рече: „Еве ме! Ти ли ме повика?“ Тогаш Илиј разбра дека Господ го вика момчето. 9И му рече Илиј на Самоил: „Оди легни си, и кога Оној што вика, ќе те повика, ти кажи: ‚Говори, бидејќи Твојот слуга слуша.‘“ И отиде Самоил и легна на местото свое. 10И Господ дојде, застана и викна, како и претходно: „Самоиле! Самоиле!“ И Самоил рече: „Говори, Господи, бидејќи Твојот слуга слуша.“ 11#2 Цар 21,12; Ер 19,3И му рече Господ на Самоил: „Еве, ќе направам нешто во Израел, така што на секој што ќе слушне за тоа, ќе му заѕујат и двете уши. 12#2,27-36Во тој ден Јас ќе го исполнам над Илиј сѐ она што сум зборувал за домот негов, од почеток до крај. 13Јас му јавив дека ќе го казнам домот негов засекогаш заради онаа вина, што тој ја знаеше, бидејќи си­новите негови хулеа на Бога, и тој не ги запираше. 14И поради тоа се колнам пред домот на Илиј дека вината на Елиовиот дом нема да се избрише довека ниту со жртви, ниту со приноси.“ 15Самоил спиеше до утрината. Потоа стана рано и ја отвори вратата на домот Господов. Самоил се плашеше да му соопшти на Илиј за тоа видение. 16Но Илиј го повика Самоил и рече: „Синко Самоиле!“ Тој одговори: „Еве ме!“ 17#20,13; 25,22; 2 Сам 3,35; 19,14; 1 Цар 2,23; 2 Цар 6,31; Рута 1,17И рече Илиј: „Што ти беше речено? Не криј од мене; Лошо ќе ти направи Господ, и уште повеќе ќе ти додаде, ако сокриеш од мене било нешто од сѐ што ти беше кажано!“ 18#Јов 1,21И Самоил му соопшти сѐ и не сокри од него ништо. Тогаш Илиј рече: „Тој е Господ; нека направи она што е добро во Неговите очи!“ 19#1 Мојс 26,3; 2 Мојс 3,12; Ис.Н. 1,5; 21,45; 2 Сам 5,1; 2 Цар 10,10; Лк 1,28Додека Самоил растеше, Господ беше постојано со него, и не остана ни­ту еден Негов збор неисполнет. 20#Суд 20,1И сиот Израел од Дан до Вирсавија дозна дека Самоил е удостоен да биде пророк Господов. 21И Господ продолжуваше да се јавува во Силом, откако му се беше открил на Самоил во Силом преку словото Гос­подово.

Селектирано:

1 Самоилова 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност