Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 3:1-10

1 Самоилова 3:1-10 MK2006

Момчето Самоил Му служеше на Господ под надзор на Илиј. Сло­вото Господово беше ретко во тие де­нови и немаше виденија. И се случи во она време, кога Илиј лежеше на местото свое, а очите негови беа почнале да му слабеат, и тој не можеше да гледа, и светилникот Божји уште не беше угаснал, а Самоил лежеше во храмот Господов, каде што беше ковчегот Бо­жји; Господ повика кон Самоил. Тој одговори: „Еве ме!“ И дотрча кај Илиј и рече: „Еве ме! Зошто ме викаше?“ Но тој одговори: „Јас не сум те викал; оди легни си!“ И тој отиде и си легна. Но Господ повика по вторпат кон Самоил. Тој стана и пак отиде кај Илиј и рече: „Еве ме! Ти ли ме повика?“ Но тој рече: „Јас не сум те викал, синко; оди легни си!“ Самоил дотогаш не го познаваше гласот на Господ, зашто уште не му се беше открило словото Господово. Викна Господ кон Самоил и третпат. Тој стана и отиде кај Илиј и рече: „Еве ме! Ти ли ме повика?“ Тогаш Илиј разбра дека Господ го вика момчето. И му рече Илиј на Самоил: „Оди легни си, и кога Оној што вика, ќе те повика, ти кажи: ‚Говори, бидејќи Твојот слуга слуша.‘“ И отиде Самоил и легна на местото свое. И Господ дојде, застана и викна, како и претходно: „Самоиле! Самоиле!“ И Самоил рече: „Говори, Господи, бидејќи Твојот слуга слуша.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност