Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 3:1-10

1 Самоилова 3:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Момчето Самоил Му служеше на Господ под надзор на Илиј. Сло­вото Господово беше ретко во тие де­нови и немаше виденија. И се случи во она време, кога Илиј лежеше на местото свое, а очите негови беа почнале да му слабеат, и тој не можеше да гледа, и светилникот Божји уште не беше угаснал, а Самоил лежеше во храмот Господов, каде што беше ковчегот Бо­жји; Господ повика кон Самоил. Тој одговори: „Еве ме!“ И дотрча кај Илиј и рече: „Еве ме! Зошто ме викаше?“ Но тој одговори: „Јас не сум те викал; оди легни си!“ И тој отиде и си легна. Но Господ повика по вторпат кон Самоил. Тој стана и пак отиде кај Илиј и рече: „Еве ме! Ти ли ме повика?“ Но тој рече: „Јас не сум те викал, синко; оди легни си!“ Самоил дотогаш не го познаваше гласот на Господ, зашто уште не му се беше открило словото Господово. Викна Господ кон Самоил и третпат. Тој стана и отиде кај Илиј и рече: „Еве ме! Ти ли ме повика?“ Тогаш Илиј разбра дека Господ го вика момчето. И му рече Илиј на Самоил: „Оди легни си, и кога Оној што вика, ќе те повика, ти кажи: ‚Говори, бидејќи Твојот слуга слуша.‘“ И отиде Самоил и легна на местото свое. И Господ дојде, застана и викна, како и претходно: „Самоиле! Самоиле!“ И Самоил рече: „Говори, Господи, бидејќи Твојот слуга слуша.“

1 Самоилова 3:1-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Младиот Самоил Му служеше на Господа под Илиево надгледување, во она време Господ ретко им зборуваше на луѓето, а виденијата не беа чести. Но еден ден Илија лежеше во својата соба - неговите очи почнаа да слабеат, та веќе не можеше да гледа. Божјиот светилник, уште не беше угаснат, и Самоил спиеше во Господовиот Храм, таму каде што беше Божјиот Ковчег. И Господ го повика: „Самоиле! Самоиле!“ А тој одговори: „Еве ме!“ И отрча кај Илија и рече: „Еве ме! Ти ме повика!“ А Илија рече: „Јас не те повикав. Врати се и спиј!“ И тој отиде и легна. И Господ пак го повика: „Самоиле! Самоиле!“ Самоил стана, отиде при Илија и му рече: „Еве ме! Ти ме повика!“ А Илија одговори: „Јас не те повикав, сине! Врати се и спиј!“ Самоил уште не го познаваше Господа, и уште никогаш не му беше објавено Господовото слово. И Господ го повика Самоила по трет пат. Тој стана, отиде кај Илија и рече: „Еве ме! Ти ме повика!“ Сега Илија разбра дека Господ го повикувал детенцето. Затоа му рече на Самоила: „Оди и легни; а ако те повика, ти речи: ‘Зборувај, Господи, твојот слуга слуша.’“ И Самоил отиде и легна на своето место. И Господ дојде и застана, и викна како порано: „Самоиле! Самоиле!“ А Самоил одговори: „Зборувај Твојот слуга Те слуша.“